Влагата и мувлата се тивки yбијци – направете ТЕСТ дали во вашиот дом има СКРИЕНА ВЛАГА. За да направите вакво тестирање според големиот народен учител – Пелагич, ќе ви биде потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 грама гасена вар
1 бокал или сад во кој ќе ја ставите варта
Постапка:
1.Истолчете ја варта во прав доколку има грутки и ставете ја во бокалот.
2.Оставете го бокалот во просторијата која сакате да ја проверите 24 часа.
3.Потоа, извадете ја варта од бокалот и измерете ја, или измерете го бокалот заедно со варта, но одземете ја тежината на бокалот.
Резултати од тестот:
Доколку, тежината на варта се зголемила само и за 1 грам, тогаш можете да бидете убедени дека собата ви е здрава и дека во неа можете да живеете.
Но, доколку за 24 часа тежината на варта се зголемила за 5, 6 или повеќе грамови, тогаш тоа е индикатор дека во просторијата има влага.
Особено е добро, оваа постапка да се примени во ново-соѕиданите куќи.
Од големиот народен учител – Пелагич