Фото и рецепт: Кристина Гашпар

Бидејќи ништо не делуваше, се решив да го пробам овој рецепт. Станува збор за старински рецепт. На интернет ќе најдете повеќе рецепти, помалку или повеќе сите се слични, а главните состојки се овие наведените подолу:

Потребни состојки:

1 шолја (од 200 мл) шеќер
1 шолја вода
10-тина ловорови листови
2 лажици жалфија (сува билка)

Постапка:

Шеќерот ставете го на оган и загревајте на тивко додека да почне да растопува. Пржете го додека да добие карамел боја, но внимавајте да не ви загори.

Додадете шолја вода. Поклопете и варете додека шеќерот да се растопи. Потоа додадете ловоров лист и жалфија. Варете 10-тина минути.

Сирупот оставете го поклопен во садот во кој се вареше се додека да излади. Потоа процедете го и складирајте го во шишенце или тегличка.

Употреба: Трипати дневно по една лажица (за деца по една лажичка), половина час пред јадење.

Сирупот може да се приготви и без жалфија, на 10 лажици вода се ставаат 5 лажици шеќер и 5 ловорови листови, се вари неколку минути, па се остава да излади.

Фото и рецепт: Кристина Гашпар