Многу лесно можеме да кажеме дека ова е еден од најздравите зачини на светот. Голем број експерти го сметаат за своевиден “чудесен” зачин, за што говорат повеќе од 600 експериментално потврдени здравствени предности.
Станува збор за добро познатиот зачин куркумата, а причината за нејзините лековити својства лежи во соединението наречено куркумин.
Откриено е дека со консумирање на целовитиот корен од куркума, всушност може да се помогне во регенрација на мозокот. Во продолжение е објаснето како е тоа можно…
Ароматичниот турмерон е растворлива состојка на куркумата, кој го проучувале германските научници поради неговите ефекти врз нервните матични клетки.
Тие откриле дека нервните матични клетки (NSCs) се зголемени за дури 80% кога се изложени на ар-турмеронот, што значи дека можат да формираат нови здрави мозочни клетки во субвентикуларната зона и хипокампусот, местото каде се формираат новите неврони.
Тие исто така, забележале и зголемување на величината во двете подрачја. Ар-турмеронот може да им помогне на NSCs во регенерација на мозокот, со што би се овозможило лекување на дегенеративни болести како мозочен удар или Алцхајемрова болест.
Од друга страна, куркуминот е исто така корисен за мозокот, бидејќи е откриено дека ја подобрува вкупната меморија кај Алцхајмерова болест.
Голем број луѓе мислат дека користењето на екстракт од куркумин е доволно за решавање на многу проблеми, но со користење на целата куркума се добиваат повеќе терапевтски соединенија кои инаку се исклучени од екстрактот.
На пример, за воспаление на дебелото црево или бо случај на полипи, подобро е да се користи целата билка, бидејќи екстрактот веројатно може да апсорбира во тенкото црево пред да стигне во дебелото црево каде што е најпотребен.
Експертите велат дека сите лековити билки често се состојат од неколку стотици корисни соединенија, така што е неточно да се претпостави дека само една е особено одговорна за целата лековитост на таа билка.
Иако пронајдениот куркумин и ар-турмеронот имаат значајни позитивни ефекти врз телото и мозокот, сепак од целата куркума има најголема корист.