Разни фактори може да ја предизвикаат оваа непријатна состојба, но многу лесно можете да направите ефикасни природни препарати кои ќе ви помогнат да се изборите со нив.

МАСЛО ОД МЕНТА И ЕВКАЛИПТУС

Ако станува збор за опструкција на дишните патишта, инхалацијата со праеа може да помогне да ви се вратат сетилата за мирис и вкус. Влажната и топла пареа ќе го ублажи воспалението и ќе ги исчисти блокираните дишни патишта.

РЕЦЕПТ

Загрејте вода до зовривање и додадете неколку капки етерично масло од мента или евкалиптус. Покријте ја главата со пешкир и вдишувајте ја пареата неколку минути, додека можете да издржите. Постапката повторувајте ја неколкупати дневно.

ЛУТА ПИПЕРКА

Ако губитокот на вкус и мирис е предизвикан од синуситис, настинка или инфекција на респираторните патишта, пробајте со лута пиперка. Нејзината активна компонента капсаицин ги ублажува затнатите дишни патишта и стимулира лачење на плунка, што го враќа сетилото за вкус.

РЕЦЕПТ

Измешајте една третина лажичка лута пиперка и лажичка мед, па растворете во чаша топла вода и испијте. Повторувајте 2-3 пати дневно за да се разбие густиот секрет (шлајмот) и да се стимулира лачење на плунка. Лутата пиперка користете ја и во текот на готвењето за стимулација на плунковните жлезди. За иста цел може да се користи и црниот пипер.

ЛИМОН

Цитрусниот мирис и вкус на лимоновиот сок може да помогне да се поврати сетилото за мирис и вкус. Покрај тоа, лимонот е богат со витамин Ц, антиоксидант кој го јакне имунитетот и помага во борбата со инфекциите и разни болести.

РЕЦЕПТ

Исцедете еден лимон во чаша топла вода и додадете две лажички мед. Ова пијте го двапати дневно. Помеѓу оброците изедете мало парче лимон за да го стимулирате непцето. Неколку капки есенција од лимон капнете на марамче па вдишувајте наутро и навечер по неколку секунди. Постапката повторувајте ја неколку седмици. Исто така, користете лимонов сок за да го засилите вкусот на храната.