Натрупување на токсини во телото може да предизвика заболувања на кардиоваскуларниот систем, бубрезите, црниот дроб, мочниот меур и да оредизвика пад на имунитетот.

Куркумата е индиски зачин, еден од најдобрите средства за чистење на телото одвнатре. Во текот на животниот век низ телото минува повеќе од тон храна. Но преку храната освен хранливи материи, добиваме и разни токсини кои телото доколку е во баланс, успешно се справува и ги исфрла.

Меѓутоа денешната храна е толку многу преработена, што речиси и да не содржи хранливи материи. Наместо тоа, храната е заситена со штетни адитиви, бои, ароми, конзерванси, згуснувачи…

Во еден момент организмот веќе не е способен да се справи со сите штетни материи, па тие започнуваат да се таложат во зглобовите, крвните садови, органите, ткивата…

Ова се три рецепти за детоксикација на организмот со куркума:

1 РЕЦЕПТ

Потребна ви е една лажица куркума во прав и 12 лажици мелено ленено семе. Семето прелијте го со 1 литар зовриена вода и оставете да се вари на тивко уште 10 минути. Тргнете од оган, додадете куркума и промешајте додека да се изедначи. Се консумира поделено во три порции, наутро на гладно, пред ручек и пред вечера.

2 РЕЦЕПТ

1 лажица куркума во прав
2 лажички сечкан корен од глуварче
2 лажици лист од коприва

Измешајте ги состојките и прелијте со 2 чаши зовриена вода. Варете 20 минути на тивко, па поклопете и оставете да отстои 15 минути.
Се консумира по половина чаша 4 пати дневно.

3 РЕЦЕПТ за инхалација со куркума

5 капки ароматично масло од куркума
3 капки масло од вербена
2 капки масло од грејпфрут
2 капки масло од ѓумбир
1 лажичка морска сол

Сите состојки измешајте ги, додадете малку вода и мешајте додека да добиете еднолична смеса. Инхалирајте се со мирисот секое утро.

КОНТРАИНДИКАЦИИ за употреба на куркумата:

Во големи количини не им се препорачува на бремени жени, на деца помлади од 2 години, при затнати жолчни канали и камења во жолчно кесе, кај здравствени проблеми со желудник.