Веднаш ќе го засакате овој колач и често ќе правите поради неговата едноставност, се мери со чаши и не може да погрешите. Не мора да чекате колачот да излади со часови во фрижидер, туку може да го послужите и само после еден час ладење.

Не е премногу сладок и одличен е за сите љубители на плазма вкусот. За мерење се користи јогуртна чаша од 180-200 мл.

Потребни состојки:

2 јајце

1 чаша шеќер

1 чаша брашно

2,5 чаши мелена плазма бисквити

½ прашок за печиво

2 чаши млеко

1 чаша масло

1 супена лажица какао

плех 20х30 см, се пече на 180 степени, 40 минути

За глазура:

150 мл слатка павлака

100 г чоколадо

или премачкајте само со нутела или некој друг крем и наросете обилно со мелена плазма

Постапка:

Најпрво одвојте ги белките од жолчките, а потоа цврсто изматете ги со постепено додавање на шеќерот додека да добиете цврст и сјаен снег. Потоа во изматениот снег од белки додадете ги жолчките, па уште малку измиксајте. Додадете го маслото, млекото и промешајте.

На страна промешајте ги сувите состојки: во брашното додадете го прашокот за печиво, а потоа просејте го. Додадете и какао па уште малку изматете, а на крај додадете ја мелената плазма. Изедначете. Смесата е малку поретка од вообичаено, но така треба да биде, после печењето се добива многу сочен колач.

Обложете го плехот 20х30 см со хартија за печење, па во него излејте ја смесата, протресете и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 40 минути.

Додека се пече бисквитот, направете ја глазурата: во помал сад искршете го чоколадото и додадете слатка павлака, па на многу тивок оган растопете додека да се соединат (внимавајте да не ви зоврие).

Печениот биксвит извлечете го од хартијата, а потоа вратете хо во плехот каде се печеше и прелијте го со глазурата. Одозгора наросете го обилно со мелена плазма. Деталите од постапката може да ги погледнете во видеото: