Многу едноставно а брзо направено. Овој рецепт е одличен кога немате многу време, а ниту волја многу долго да стоите во кујна (а сите имаме такви денови).
Ова сепак е многу вкусно јадење и вака во комплет е добар избор за љубителите на ваквите јадења. Дадени се точни мерки кои јас ги користев, а вие секако по ваша желба може и малку да го промените рецептот.
Потребни состојки: 500 г сирење несолено и неутрално, 1 лажички сол, 4 јајца, 200 г пченкарен гриз, 140 г брашно, 1 прашок за печиво, 100 мл масло, 150 г рендана моцарела (или кашкавал), 200 г млад спанаќ и 300 мл млеко (или мешавина од: 100 мл млеко, 100 мл вода, 100 мл неутрална течна павлака)
За премачкување одозгора: 120 г кисела павлака, 120 г јогурт или кисело млеко, малку сол, малку магдонос, 3 чешниња лук, 50 г путер и ќе ви биде потребен плех со димензии приближно 37х26 см
Постапка: Во подлабок сад ставете крем сирење и посолете го, па измешајте го со виљушка додека да стане кремаст. Потоа додадете 4 јајца и соединете ги со сирењето.
Додадете 200 г пченкарен скроб и соединете. Потоа додадете 140 г брашно, промешајте, па еден прашок за печиво и 100 мл масло, 140 г рендана моцарела и убаво соединете ги состојките.
На крај додадете 200 г ситно сечкан спанаќ (во рецептот е користен смрзнат, па одмрзнат, а доколку се користи свеж спанаќ или блитва, претходно попарете го со малку врела вода, исцедете и ситно исечкајте).
Врз смесата прелијте 300 мл млеко и уште еднаш добро промешајте ја смесата за да се изедначат и соединат состојките. Ќе се добие полутечна смесна, ниту течна, ниту цврста.
Плех со димензии 37х26 см намастете го и излејте ја во него смесата, па убаво распоредете и израмнете. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени со вентилатор или на 200 степени без вентилација, околу 40 минути.
Печената пита оставете да излади, а во меѓувреме пригответе го преливот за одозгора. Измешајте ги киселата павлака и густиот јогурт или киселото млеко (или една чаша само кисела павлека), посолете по вкус.
Питата исечете ја на коцки и прелијте ја со киселата павлака. Одозгора наросете со ситно сечкан магдонос. Оставете на страна убаво да излади.
Три чешниња лукче исечкајте ги колку можете поситно, па додадете 50 г путер и ставете на оган колку да се растопи и малку да зоврие. Полијте со оваа смеса одозгора – кој сака, а кој не, не е задолжително. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: