Ова е еден вид „Баунти” колач кој многу едноставно се приготвува. Со одличен вкус за сите љубители на кокосот!
Не ви е потребен ниту миксер, ниту рерна за да добиете вкусни колачи.
Потребни состојки за 1 дел:
250-300 г мелени кекси
200 мл млеко
100 г чоколадо
100 г маргарин/путер
За 2 дел со кокос:
500 мл млеко
5 лажици шеќер
100 г бело чоколадо (може и 3-4 лажици млеко во прав)
5 лажици пченичен гриз
100 г кокос
За прелив:
150 г чоколадо
200 мл слатка павлака
Постапка:
Сварете го млекото со чоколадо и путер, па оставете да излади. После 5 минути додајте ги мелените бисквити. Добро промешајте, па излејте ја смесата во помал калап со димензии 25х20 см или 20 х 20. Израмнете.
За вториот дел: сварете го млекото, шеќерот и белото чоколадо. Штом се растопи чоколадото, намалете ја температурата на ринглата (или тргнете го садот на страна).
Додајте го гризот и варете 5 минути со постојано мешање додека да згусне. Тргнете го од ринглата па додајте го кокосот. Додека е врело излејте го преку првиот дел.
Направете глазура-прелив: На многу тивок оган загрејте ја слатката павлака и чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се растопи и соедини.
Веднаш прекијте го преку колачот. Оставете да излади, па ставете го во фрижидер да се стегне. Исечете коцки или штангли. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: