За билката Изоп (lat. Hyssopys officials) пишува билкарот Мартин Најдовски, а за повеќе информации околу рецептите може да го прашате на неговата страница Лилма.
Изоп или уште познат под имињата како Милодух или Божји дух, е растение кое расте како грмушка, има силен мирис нешто слично на рузмарин и лаванда, повеќегодишно растение и доста ретка билка.
Според некои податоци, забрането е нејзиното берење со закон, но дали е така или не, не сум запознат. Јас ја имам и ја одгледувам во мојата градина, познавам некои делови од природата во Македонија каде може да се најде, но поради забраната нема да кажам каде поточно, за да се спречи евентуална злоупотреба.
Значи се карактеризира со силен мирис кој е резултат на големиот процент на етерично масло. Поради ова етерично масло таа е многу ценета билка , како и побарувачката за откуп на истата.
Нејзиното име “Милодух” е според Библиската приказна кога била чумата, Бог на Мојсеј му рекол на неговите луѓе да ги кадат нивните домови со оваа билка, за да може духот на Бог да навлезе во нивните домови и да ги заштити од чу-мата.
Подоцна според некои научни испитувања покажано е дека кадењето со Милодух ги уништува бактериите во воздухот и штетните материи, на сличен начинкако и жалфијата. Според некои антички народи оваа билка е наречена ” Лек са сите болести”. Старите евреи, храмовите ги каделе со оваа билка, бидејќи до ден денес, оваа билка се смета за света.
Изопот е соста лековита билка и се употребува во народната медицина. За лековити цели се бере надземниот дел, односно цветот со лист. Поради присуството на етерично масло таа се става како број 1 билка за респираторни заболувања како што е астма, бронхитис, туберколоза, воспаление и инфекција на дишните патишта, кашлица и др.
Помага за подобро варење на храната, жолтица и во форма на препарат приготвен, за мачкање на делови од телото после мозочен удар. Може да се користи и како зачинска билка, за додаток во супи, салати, варива или месо. Рецепти:
Чај: 1 кафена лажичка билка се попарува со 250 мл зовриена вода, отстојува 20-30 мин поклопено, потоа се процедува и се пие по 3 шолји на ден, 30 мин пред јадење.
Пулмо Микс – (за белодробни заболувања како што се инфекции, туберкулоза, астма, кашлица, исфрлање на слуз, пневмонија): 30 г изоп, 30 грама мајкина душица, 30 г анасон, 30 г плуќнак, 30 г босилек, 30 г клека бобинки (доколку особата има проблеми со бубрезите како што е воспаление, извадете ја клеката од миксот), 20 г жалфија, 20 г ѓумбир во прав и 20 г каранфилче мелено
Се заедно се меша па 2 супени лажици од смесата се попарува со 500 мл зовриена вода отстојува 20-30 мин поклопено, потоа се цеди и пие по 2 – 3 шолји на ден. Во чајот може да се додаде 20 капки тинктура од прополис или 20 капки тинктура од Сремуш. Се пие 7 дена со 2 дена пауза.
Масло од Изоп – Ова масло доста помага кај респираторни инфекции и проблеми, но и кај ноќно потење. Ова масло е исто така добро за мачкање односно масирање на деловите од телото опфатени после мозочен удар.
Еден грст сува билка изоп се прелева со 500 мл ладно цедено маслиново масло. Стои 2 недели на темно со секојдневно протресување. После 2 недели се цеди и се зема по 15 капки, 2 до 3 пати на ден на коцка шеќер, 30 мин пред јадење.
Кадење – Со оваа билка можете да си ги покадите вашите домови за спокој, мир и истерување на негативните сили. Се става малку на јагленче и се кади целата куќа.
Контраиндикации кај оваа билка не се познати, но не би ја препорачал на бремени и доилки, и за деца под 12 години. Билката се пие 2 недели па следи пауза од 1 недела.