Ориганото е зачин кој на храната и дава специфичен вкус, особено ако уживате во италијанската кујна. Покрај единствената арома ориганото го одликуваат и бројните лековити својства.

Самиот Хипократ ориганото го користел како антисептик, а присуството на розмаринска киселина и тимоли во ориганото, го прават овој зачин да биде одличен поттикнувач на имунитетот.

Има антибактериско дејство, претставува природен диуретик, го подобрува здравјето на срцето и го детоксицира организмот.

Ориганото честопати се користи за ублажување на кашлицата и респираторни тегоби кај астма и бронхитис, но е одличен и за превенција и сочувување на здравјето на белите дробови и респираторниот систем.

Природниот мевлем со оригано и мед можете лесно и сами да го направите, а се консумира секое утро по една лажица.

РЕЦЕПТ ЗА ПРИРОДЕН ЛЕК СО ОРИГАНО

Една тегла од литар наполнете ја до половина со свежи листови од оригано (наполнете ¼ од теглата ако користите суво оригано), а втората дополнете ја со ливадски мед. Добро промешајте за да се соедини и да излезат сите меурчиња.

Затворете ја добро теглата и оставете ја да отстои 30 денови покрај прозор, односно на светло место полно со сончеви зраци. После 15 дена свртете ја теглата наопаку за повторно да се соединат состојките.

После 30 денови може да се извадат листовите од теглата, но не мора (по желба). Чувајте во добро затворена тегла, на ладно и консумирајте по една лажица секое утро.