Доктор Норман Вокер (1866-1984) е американски диетолог, творец и основач на сокотерапијата или “жива храна”, општоприфатен систем на самолекување.

Овој систем како свој начин на исхрана го применуваат и големи холивудски ѕвезди како што се Џулија Робертс и Шерон Стоун. Творецот на сокотерапијата, д-р Вокер живеел полни 118 години што претставува најдобра потврда за корисноста и исправноста на неговиот систем.

Вокер сметал дека човекот треба да ги пие соковите во онаа мера во која му пружа задоволство. Но, тој тврдел, дека за постигнување на видливи резултати е неопходно да се испие најмалку 600 мл сок дневно. Денес илјадници луѓе можат да посведочат дека се излекувале благодарение на неговите совети. Меѓу нив е и Џеј Кордик кој се излекува од рак, а подоцна станал и близок соработник на д-р Вокер. Овој диетолог е многу популарен во Америка, не само затоа што живеел 118 години. Во својата 102 година се оженил и добил син.

Следат неговите совети: За да го одржиме организмот во одлична форма, неопходно да се научиме како правилно се приготвуваат соковите.

Сокотерапијата користи исклучиво свежи сокови, во спротивно нема да го постигнете посакуваниот резултат.

КАЈ ЗАСИЛЕНО ЧУКАЊЕ НА СРЦЕТО И АРИТМИЈА

За лекување на тахикардија и аритмија се користат различни сокови. Главно се препорачуваат три:

СОК 1: 100 мл сок од слива, 100 мл сок од банана, 50 мл сок од лимон. Добро промешајте пред употреба. Се пие по 1 чаша 3 пати на ден пред јадење (на гладно) во текот на 3-4 седмици.

СОК 2: 50 мл сок од праска, 50 мл сок од шипки, 50 мл сок од вишна. Добро промешајте пред употреба. Се пие по ½ чаша 3 пати на ден пред јадење (на гладно) во текот на 3-4 седмици.

СОК 3: 100 мл сок од круша, 50 мл сок од цитрон и 50 мл сок од шипки. Добро промешајте пред употреба. Се пие по 1/3 чаша 4 пати на ден пред јадење (на гладно) во текот на 3-4 седмици.

ПСОРИЈАЗА

За лекување на псоријаза одлично се покажал сокот од шипки. Многу е корисен за кожата, овозможува активно да се бори со разни проблеми, ја зголемува нејзината издрливост на болест. Пијте сок од шипка колку можете почесто.

СОК 1: 1 литар сок од шипка, 5 лажици липов мед. Растворете го медот во сокот. Пујте секој ден по една чаша наутро и навечер пред спиење. Во текот на денот испијте уште половина чаша помеѓу оброците. Терапијата се применува 3 седмици. Се прави пауза од еден месец па се повторува.

СОК 2: 50 мл сок од цреши, 50 мл сок од вишна и 50 мл сок од шипки. Се пие половина чаша, 2-3 пати дневно во текот на 2-3 седмици.

ЧИРЕВИ

Сокот од диња по своето дејство е сличен на сокот од круша и сокот од банана. Благотворно делува на желудникот и ги отстранува проблемите кои се поврзани со појава на чир.

СОК 1: 4 чаши сок од диња, 1 чаша газирана вода. Разредете го сокот и затворете го во стаклено шише или термос. Пијте го колку можете повеќе, по половина чаша 3-4 пати дневно.

СОК 2: 100 мл сок од праска, 70 мл сок од банана, 50 мл сок од круша и 100 мл сок од шипинки. Измешајте и пијте по половина чаша 4 пати дневно пред јадење, во текот на 3-4 седмици.

СОК ОД БАНАНА – е делотворен кај дигестивниот тракт (желудник, црева). Ја обложува слузокожата и ја подобрува дигестијата. Се пие неразреден по половина чаша 20 минути пред секој оброк.

СОК 4: измешајте сокови од вишна, слива и праска во однос 2:2:1 и пијте по половина чаша пред јадење во текот на 10 дена.

СОК 5: измешајте сокови од цреша, вишна и шипка во однос 1:1:1 и пијте по една чаша наутро и навечер пред спиење, во текот на две седмици. Овој сок ќе ја подобри крвта и мускулатурата.

СТАФИЛОКОКИ

За лекување на стафилококи добро е да се пијат сокови од јаболка во големи количини, затоа што има способност да се спротивставува на инфекциите во организмот. Се пие по две чаши дневно, на гладно.

АНКСИОЗНОСТ

По половина чаша сок од банани, 3-4 пати на ден, во текот на две седмици. Исто така се пие и сок од сливи, по половина чаша 4-5 пати дневно во текот на две седмици.

ОПСТИПАЦИЈА

Се пие сок од сливи на следниот начин: првата седмица по половина чаша пред појадок и пред спиење, втората седмица по две третини чаша, пред појадок и пред спиење, третата седмица по цела чаша, пред појадок и пред спиење и на крај, четвртата седмица се пие по една чаша 4 пати дневно.

БУБРЕЖНИ БОЛЕСТИ

Се користи сок од шипка: по една чаша сок наутро и навечер пред спиење, а во текот на денот помеѓу оброците по ¼ чаша, во текот на 7 седмици.

НЕФРИТИС – во тој случај се препорачува сок од смокви како средство против воспаленија. Сокот од смоква не смее да се користи во случај на дијабетес и потешки заболувања на дигестивниот тракт. Се пие по една чаша 2-3 пати дневно, пред јадење, во текот на 3-4 седмици.

АРТРИТИС

Се користи свеж сок од цитрон. Треба да се пие секој ден најмалку по половина литар.

КАЛИНКА – сокот е добар за опоравување после тешки болести, а помага и кај анемија.

АНАНАС – ја подобрува функцијата на бубрезите и црниот дроб, го ревитализира телото, лекува астма и помага во слабеење.

ЛИМОН – ја стимулира работата на црниот дроб и е одличен антиоксидант.

ПОРТОКАЛ – се користи против авитаминоза, ја подобрува работата на цревата и го подобрува апетитот.

ЈАБОЛКО – помага за слабеење, дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, болести на црн дроб и бубрези, ревматизам, жолчни камења и камен во бубрег, хроничен колитис, гихт и дизентерија.

ЦИТРОН – лекува несоница, го намалува холестеролот, го нормализира крвниот притисок.

КРУША – има противвоспалително дејство и помага кај бубрешни каменчиња.

ГРОЗЈЕ – помага при умор и стрес. Ги чисти бубрезите и црниот дроб и го намалува холестеролот.