Овој сочен колач има неверојатно богат вкус. Покрај мелени ореви можете да додадете и мелени бадеми или лешници.

Потребни состојки: 4 јајца, 1 шолја (од 200 мл) шеќер, 1 шолја масло, 1 шолја млеко, 1 шолја мелени ореви, 1 шолја брашно, 1 прашок за печиво, 250 г гриз. За сируп: 3 шолји шеќер и 2 шолји вода. За крем: 2 шлаг креми од ванила и малку мелени ореви

постапка:

Прво изматете четири јајца со постепено додавање на една шолја шеќер додека тој да се растопи. Потоа додадете една шолја масло, па смесата полека промешајте ја.

Додадете една шолја млеко, а потоа и мелени ореви. Промешајте. Во брашното додадете прашок за печиво, а потоа и 250 г гриз.

Вака промешаното брашно додадете го полека во смесата и сето убаво промешајте го додека да добиете изедначена смеса.

Излејте ја во намастена и набрашнета тепсија или плех со средна величина, па ставете да се пече во загреана рерна на 250 степени и веднаш намалете на 200 степени и печете 30 минути.

За сируп: Во две шолји вода ставете шеќер и варете додека да се растопи шеќерот. Кога колачот ќе се испече прелијте го со сирупот (топло-топло, не премногу врело). Оставете да излади.

Изматете го шлагот според упатството на кесичката и нанесете го врз изладениот колач, а одозгора наросете мелени ореви. Оставете го колачот во фрижидер да излади.

Coolinarika.com