Објаснување и видео: Саша Николиќ
Долго време патев од телесни тегоби како што се проблеми со зглобовите, ‘рбетот, ишијас, дискус хернија… Со Божја помош, помошта од докторите и луѓе кои се занимаваат со здравје, како и со сопствениот труд, дојдов до вежбите кои навистина можат да го поправат квалитетот на живеење и да го вратат нарушеното здравје.
Затоа сакам да го споделам своето искуство со вас и да ви ги покажам исцелувачките вежби со чија помош целосно оздравев од овие болести. Еден дел од вежбите самиот ги осмислив, додека другиот е преземен од други и малку е модифициран.
Во ова видео ќе ја слушнете приказната за тоа како оздравев од ишијас. Од три вежби кои се спомнуваат во видеото, првите две ми ги покажа доктор Спасоје Марковиќ Спале од Крагуевац, а третата која целосно ме излекува, заедно ја откривме јас и народниот лекар Драгољуб Јоксиќ Ласа од Горен Милановец.
Му благодарам на кумот Душан Максимовиќ кој го снимаше видеото и ме научи и самиот да ги обработувам видеата.
Совети: Поефикасно е и речиси веднаш се елиминира проблемот доколку друго лице го масира болното место истовремено додека болниот ја изведува третата вежба. НЕ СМЕЕ ДА СЕ ИЗВЕДУВА ОВАА ВЕЖБА ДОКОЛКУ БОЛНИОТ ИМА ДИСКУС ХЕРНИЈА!
Оваа вежба е само за елиминирање на ишијасот. Во случај на дискус хернија има контраиндицирано дејство. Исто така, лица кои имаат проблем со колковите и колената, прво треба да ги решат тие проблеми, а потоа ишијасот.
НАПОМЕНА: Овие вежби не се рецепт за секого, туку служат за поттик за секого да си го побара лекот. Не сум доктор и немам право да лекувам, туку да мотивирам со своето искуство. Примената на овие вежби е на лична одговорност на секој поединец.
Исто така, вежбите треба да се изведуваат на празен стомак (наутро, навечер и помеѓу оброците), да се премине на здрав режим на исхрана и да се живее духовен живот (позитивно да се размислува и сè останато што налага верата) за да се постигне максимумот од здрав живот.