Home пита Мрзлива брза пита со блитва – многу вкусна и здрава, а брзо...

Мрзлива брза пита со блитва – многу вкусна и здрава, а брзо и едноставно се приготвува

Многу вкусна и здрава пита, за кратко време е готова. Јас ја правев со блитва, а може и со спанаќ, зелје…може да се додаде коприва, магдонос. Ако додавате коприва, прво прелијте ја со врела вода, па процедете ја.

Потребни состојки:

450-500 г неисчистена блитва или 300 г исчистена од дршки,
2-3 млади кромитчиња (или ½ страк праз),
малку сол по вкус,
300 г сирење (може и фета),
20-30 мл масло,
4 јајца,
400 мл јогурт (2 чаши од 200 мл),
1 лажичка сол,
50 мл масло,
300 г брашно (2 ½ чаша од 200 мл) и
½ лажичка прашок за печиво

Постапка: листовите од блитва убаво измијте ги, исечете ги задебелените делови од белите дршки, а потоа ситно исечкајте ја. Кромитчињата исто така, измијте ги, па исечете ги ситно на тркалца.

Посолете со една рамна лажичка сол и изгмечете ја блитвата малку со раце за да омекне. Додајте 300 г ситно сирење и промешајте. На крај полијте со малку масло (20-30 мл).

Во посебен сад соединете четири јајца и 400 мл јогурт со жица за матење. Посолете со една лажичка сол и додадете 50 мл масло, па уште малку промешајте.

Во течната смеса додајте 300 г брашно и половина лажичка прашок за печиво. Промешајте до изедначување. Треба да добиете смеса малку погуста од онаа за палачинки.

Половина од добиената смеса излејте во намастена тепсија со средна величина, па одозгора рамномерно распоредете го филот од блитва и сирење.

Остатокот од тестото излејте го насекаде врз блитвата и со четка или шпатула убаво израмнете.

Питата ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, па штом ја ставите во рерна, намалете на 180 степени.

Печете околу 30 минути или додека убаво да зарумени. Деталите можете да ги погледнете во видеото: