Ова е брзо и евтино јадење кое децата многу го сакаат. Може да се послужи како главно јадење за ручек, како прилог или пак, за вечера. Пробајте, многу е вкусно.
Потребни состојки: 2 тиквички, 1 главица кромид, 2 чешниња лук
2 јајца, 100 г кисела павлака, 100 г кашкавал, сол, црн пипер, масло
Постапка: Една главица кромид исечкајте ја ситно. Кромидот пропжете го на малку масло околу 5 минути додека убаво да омекне.
Тиквичките измијте ги, излупете ги и исечкајте ги на тркалца, па наредете ги на дното од огноотпорен сад – скалесто. Дното треба целосно да биде прекриено.
Наредените тиквички посолете ги и зачинете со црн пипер во прав. Одозгора рамномерно распоредете го пржениот кромид. Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени.
За прелив: Изматете две јајца со 100 г кисела павлака, исечкано лукче и малку сол. Соеднете. Добиената смеса прелијте ја рамномерно врз тиквичките, па прекријте со алуминиумска фолија.
Ставете да се пече 35 минути во загреаната рерна. Одозгора наросете рендан кашкавал, па вратете во рерна уште 5 минути за да се растопи. Деталите можете да ги погледнете во видеото: