Сигурно сите сте слушнале дека чајот од магдонос може да помогне при намалување на масните наслаги од стомакот и бутовите, но дали знаете како правилно се приготвува и употребува?
Чајот од магдонос е многу здрав и народната медицина го препорачува при лекување на воспалителни процеси на уринарните патишта, болести на бубрезите, но и за слабеење.
Оние кои го пробале велат дека неверојатно им помогнал, но дека сепак чајот не е магичен. Килограмите ќе започнат да се намалуваат доколку се придржувате на следните правила:
1.Чајот е најдобро да се вари од свеж магдонос.
2.Пијте во комбинација со лимонов сок (во чаша чај од магдонос додадете сок од половина лимон).
3.Консумирајте го секојдневно во текот на 5 дена, а потоа направете пауза од 10 дена.
4.Во текот на овие пет дена додека го пиете чајот, потребно е да вежбате или повеќе да бидете физички активни. Пешачење или брзо одење во времетраење од половина час, ќе биде доволно.
5.Во текот на овој период, исто така, потребно е од исхраната да ги исфрлите слатките и солените намирници, индустриските преработки. Јадете свежа, готвена и чорбеста храна.
6.Потребно е да пиете доста вода покрај овој чај (околу 2-3 литри најмалку).
7.Не смеете да јадете ништо после 18 (најдоцна19) часот.
КАКО СЕ ПРИГОТВУВА ОВОЈ ЧАЈ?
Во врела зовриена вода (500-800 мл) додадете една полна рака ситно сечкан магдонос. Водата тргнете ја од оган, поклопете и оставете да излади. Процедете го, додадете лимонов сок и пијте го во текот на денот. Не смее да се засладува ниту со шеќер, ниту со мед. Во текот на денот треба да испиете половина литар од овој чај.