По десетина денови поминати на интензивна нега во клиниката Жан Митрев, си замина пациентот кој беше примен во многу тешка состојба и заразен со Ковид-19.

Со вонтелесна пречистителна терапија до квалитативно и квантитативно прочистување на крвта, докторите од оваа клиника успеаја да се изборат за животот на овој пациент за што сведочи и самиот тој.

Во одделот на клиниката каде што се лекуваат пациенти заболени од Ковид 19 беше сместен и овој маж на 67 годишна возраст, со многу тешка клиничка слика.

Имал телесна температура од 38,5 степени Целзиусови, телесна слабост, отежнато дишење и замор. Веднаш бил поставен на неинвазивен мониторинг за следење на виталните функции, а потоа му биле направени сите потребни испитувања.

Од направените тестови се потврдило дека е позитивен на новиот корона вирус и веднаш бил поставен на вонтелесна пречистителна терапија која има за цел прочистување на крвта од токсините ослободени од воспалителниот процес.

Од првиот ден кога крвните анализи покажувале CRP – 164, за само две хемофилтрации параметрите на овој протеин кој укажува на инфекција во телото, се симнале на вредност од 15.6, што е во нормални граници.

Инаку, Ц реактивниот протеин е еден од општите показатели за воспаление и укажува на некоја акутна инфекција. Вредноста расте и при најмал воспалителен процес во организмот.

Покрај оваа терапија пациентот бил поставен и на витаминска, антибиотска и кортикостероидна терапија, како и физиотерапија која вклучува респираторни вежби и мобилизација, на што пациентот одлично реагирал.

Драган Николовски од Скопје заболел од Ковид 19 на почетокот од јуни. На 8 јуни ги добил првите симптоми, на 9 јуни го направил тестирањето со што се потрдило дека е позитивен на К-19.

Првите денови телесната темепратура му се покачувала до 39 степени целзиусови, а потоа му се намалила на 38 степени во континуитет од 14 дена, колку што траела изолацијата.

После овој период тој заминал на преглед во 8 Септември каде на направената рендген снимка на белите дробови му била утврдена пневмонија. Драган бидејќи морал да биде хоспитализиран, ја одбрал клиниката Жан Митрев, каде веднаш по направените анализи и тестирања бил поставен на апаратот за прочистување на крвта.

После лекувањето Драган се чувствува одлично и денес тој е благодарен на сите доктори кои пожртвувано се грижеле за него и му овозможиле да се излекува од оваа опасна болест.

NMD.mk