Покрај витамин Ц, кромидот ги содржи и витамините А, Б и Е, така што го ревитализира нашиот организам и го подобрува здравјето во целост. Уште едно важно својство на овој зеленчук е големото присуство на хром, минерал кој им помага на клетките да реагираат на инсулинот.
Со други зборови, колку повеќе консумирате кромид, толку се намалува високото ниво на шеќер во крвта и доаѓа до негова нормализација. Во овие случаи делува како најдобар природен лек:
1.Им помага на дијабетичарите
Според клиничките истражувања, хромот кој се содржи во големи количества, влијае врз намалувањето на шеќерот во крвта, холестеролот и триглицеридите, а притоа влијае врз подобрување на нивото на добриот холестерол.
2.Го регулира крвниот притисок
Влијае врз намалување на крвниот притисок и негово регулирање, без нуспојави или последици по метаболизмот.
3.Добар е за кардиоваскуларни проблеми
Со оглед на тоа дека е моќен антиоксидант, па поради тоа игра важна улога во спречување на оксидација на молекулите на холестеролот. Токму овие молекули се оние кои се лепат за ѕидовите на артериите и предизвикуваат создавање на плаки и затнување на крвните садови.
4.Се намалува ризикот од појава на рак
Кромидот содржи огромни количини на сулфур. Овие молекули покрај тоа што помагаат во намалување на високиот крвен притисок и во спречување на кардиоваскуларните болести, исто така се одговорни и за превенција од ширење на канцер во организмот.
5.Лекува анемија
6.Смирува болки во стомакот и желудникот
Кромидот има аналгетски и антибактериски својства кои помагаат да се смират стомачните и желудечните болки.
7.Смирува уринарни инфекции
Благодарение на антибактериското својство, ги уништува бактерии кои предизвикуваат уринарна инфекција.
8.Смирува напади на астма
Медицинските истражувања покажаа дека сулфурот спречува развој на биохемиски соединенија кои потенцијално доведуваат до астматични заболувања, а бидејќи е исклучително богат со сулфур, чајот од кромид овозможува одлична превенција.
9.Согорува масни наслаги
Кромидот е исклучително богат со хранливи влакна, минерали и споменатиот антиоксидант кверцетин, а сето тоа може многу ефикасно да придонесе за губиток на вишокот килограми.
10.Го спречува предвременото стареење
Кромидот се покажал како многу делотворно средство против стареење. Витамините А, Ц и Е кои ги наоѓаме во овој плод, се многу важни во лекувањето на оштетувања на кожата предизвикани од УВ зраците, како и за превенција од предвремено стареење до кое доаѓа благодарение на лошото дејство од слободните радикали.
Содржи висока концентрација од кверцетин, најмоќниот антиоксидант кој ја чува кожата од брчки. Од друга страна, витамините и сулфурот ја одржуваат кожата мека и еластична.
ЧАЈ ОД КРОМИД РЕЦЕПТ
Потребни состојки:
2 главици кромид
1 литар вода
Постапка:
Измијте ги убаво главиците кромид со лушпа, па пресечете ги на четвртинки. Ставете го кромидот во 1 литар вода и варете сè додека да остане 1/3 од течноста. Процедете го чајот и оставете малку да излади. Најдобро е да се пие пред спиење. Со оглед на тоа што нема најубав вкус, може да го засладите со малку мед или интегрален шеќер.