Домашно приготвеното пилешко месо е многу поздраво и повкусно од купечкото токолку смрзната “фаст-фуд” варијанта. Доколку сакате може да направите поголема количина и истите да ги замрзнете, па да ги користите подоцна по потреба.
Потребни состојки:
500 г бело пилешко месо
4 парчиња леб
½ лажичка паста од ѓумбир
½ лажичка паста од лук
1 лажица соја сос
½ лажичка бел или црн пипер
½ лажичка цвен зачински пипер
1 лажичка сол
1 јајце
1 лажица млеко
сол и црн пипер
1 чаша лебни трошки
масло за пржење
Постапка:
Од четири парчиња леб со остар нож исечете ги тенко корите од четирите страни. Корите отстранете ги, а лепчињата исечете ги на коцки. Сомелете ги ситно во сечко за да добиете трошки.
Половина килограм бело пилешко месо исечкајте го на помали коцкички. Сеченото пилешко додадете го во свежите лебни трошки, додадете зачини по вкус (во видеото се додава паста од лук и ѓумбир, соја сос, бел пипер во прав, зачински црвен пипер и сол.
Состојките убаво се промешуваат а потоа во блендерот се мелат (или на машина за мелење месо), додека да се изедначат и да се добие еден вид тесто од месо.
Смесата истурете ја на работна површина и со намастени раце (една лажица масло) премесете го убаво тестото додека да стане мазно. Со дланките формирајте правоаголна кора, а потоа со остар и намастен нож сечете квадратчиња со величина по ваша желба.
Секое парче потоа похувајте го во изматено јајце, во кое сте додале сол, црн пипер и малку млеко. Откако ќе ги натопите нагетите во јајце, потоа валкајте ги во лебни трошки (презла) и пржете ги во умерено загреано масло. Може да ги смрзнете во фрижидер и да ги искористите до два месеци. Деталите погледнете ги во видеото: