-По повод 28 години постоење на Брендот Неуромедика-

д-р Емил Угриновски-генерален менаџер:
СИТЕ ПАЦИЕНТИ МОЖАТ ДА СЕ ПРЕГЛЕДААТ И СИТЕ ОПЕРАЦИИ НЕПРЕЧЕНО СЕ ОДВИВААТ ВО НОВАТА НЕУРОМЕДИКА БОЛНИЦА

Новата Неуромедика болница работи со целиот свој капацитет, сите оддели функционираат со строго почитување на сите мерки на безбедност.

Денес славите 28 годишен јубилеј и бележите три години од постоењето на болницата колку Ви е значајна оваа дата?

д-р Емил Угриновски: Почетоците беа во 1992 година која од денешен аспект е далечна, денес славиме јубилеј 28 години постоење на брендот Неуромедика и три години од постоењето на болницата, голем датум за нас како фирма и како болница.

За жал прославата мораме да ја одбележиме скромно во услови на пандемија од Covid-19, за нас ова е јубилеј кој многу ни значи, не прави горди и не мотивира да гледаме во иднината.

Какви беа почетоците?

д-р Емил Угриновски: Дамнешната 1992 година кога е формирана Неуромедика имаше премин од еден стар комунистички систем на управување со нашето здравство и требаше да се помине кон нешто ново за овие простори непознато па затоа почетоците беа многу скромни.

Почетокот на Неуромедика е во еден двособен стан од шеесетина квадрати во центарот на Скопје. Јас секогаш кажувам дека почнавме со една многу скромна опрема од бугарско производство, почнавме со ЕКГ и спирометри па од денешен агол тоа ми изгледа многусмешно.

Но, кај нас постоеше голема желба и имаше многу ентузијазам да се успее и да се смени принципот на размислување кај луѓето. Нема да заборавам кога секој пациент мораше да плати партиципација од една германска марка, само триесетина денари што од денешен аспект е симболично.

Тоа беше потребно да се објасни на здравствениот систем дека приватното здравство чини бидејќи за да се добие квалитетна услуга нешто треба и да чини. Влеговме со многу ентузијазам со многу желба и се боревме за секој пациент бидејќи како што се покажува во стварноста правилото е на секој еден задоволен пациент добивате десет нови а само еден незадоволен одвраќа сто.

Неуромедика опстои како прва приватна здарвствена институција во Македонија изоди трнлив пат и со сите потешкотии и препреки на системот се трансформираше во Болница Неуромедика која е наша гордост.

Од каде визијата за толку голем проект?

д-р Емил Угриновски: Во тоа време требаше да се има поразлична мисла за да се надмине постоечкиот и застарен здравствен систем наречен државно здравство каде пациентите беа навикнати ништо да не плаќаат а нешто што не се плаќа и чини нула пари автоматски луѓето не го почитуваат и не го ценат.

Визијата беше да се промени мислењето на луѓето и да се добие квалитетна здравствена услуга и тоа е успешната формула во овие 28 години на нашето постоење. Јас сум горд кога велам дека Неуромедика ние не ја изградивме! Неуромедика ја изградија нашите пациенти.

Довербата пред сè е факторот кој најмногу не одржа и доколку ние не нудевме квалитетна услуга, доколку пациентите биле незадоволни, или доколку добивале погрешни дијагнози немаше да успееме и да бидеме тоа што сме.

Зошто новиот болнички капацитет каде функционирате веќе три години е изграден во центарот на градот?

д-р Емил Угриновски: Неуромедика болница точно три години функционира во центарот на градот на ул. Јордан Мијалков, целта е да бидеме што поблиску до пациентите.

Самата симболика да се биде во центарот на големиот град беше поради можноста да бидеме достапни подеднакво за сите пациенти. Не сакавме да одиме ни на една страна од градот во ни една населба за подеднакво да бидеме достапни до сите. Тоа се нашите предности, сега сме со локација во центарот на Скопје и сме достапни за пациенти кои не се само од нашиот град туку и за пациентите кои живеат во внатрешноста на државата.

Веќе три години функционира овој објект кој е направен по светски стандарди змислен како small luxury hospital. Нашето искуство во овие три години ни покажа токму таква слика, Македонија е мала земја во која нема потреба да се има голема болница. Изминатите три години од почнувањето па до комплетирањето на опремата и доекипирањето на тимот на лекари ни го докажаа тоа.

Денес нашите резултати како хируршка болница се импозантни, секојдневно имаме зголемување на бројот на пациентите па дури и во овие тешки времиња кога сите се бориме со пандемијата. Пациентите можеби не сакаат да се изложуваат на потенцијални опасности во државните здравствени институции каде има COVID центри, тие ни ја дават довербата на нас па секојдневно работиме на се потешки и потешки операции.

Бројките рапидно растат, порано имавме три или четири операции во неделата а сега имаме толку во еден ден. Капацитетот на болницата е исполнет повеќе од 50% што е сосема доволно да се оправда инвестицијата и визијата на менаџерскиот тим.

Се работи за една високо современа и софистицирана болница којашто има квалитени и опремени хируршки сали, интензивна нега, пост интензивна нега и болнички апартмани коишто се на ранг на хотел со пет ѕвезди.

Сè е направено капацитетот да се стави во функција на пациентот и тој да се чувствува многу пријатно. Пациентите се под целосен мониторинг на персоналот и нега, добиваат секоја минута во текот на 24 часа.

Што беше посебно во планот за екипирање на плејада еминентни имиња од медицината токму во Неуромедика?

д-р Емил Угриновски: Ако не испланирате неможете да имате високо современа болница, а таа неможе да функционира без плејада на звучни имиња од областа на медицината. Тоа би наликувало да имате најдобар авион а да немате пилот за него.

Во нашите долгорочни планови си поставивме за цел да создадеме Болница со најдобрите тимови од областа на хирургијата, ортопедијата, трауматологијата, торакалната хирургија, пластичната хирургија и други области во медицината.

Тимови на доктори коишто се актуелни и се бренд и коишто си го оправдуваат самиот ангажман само тие можат да работат во една институција како што е брендот Неуромедика. На ова би ги додал и докторите коишто работат во поликлиничкиот дел, еминентните професори коишто работат во дијагностика во спрега со тимот на професори и примариуси во оперативниот и анестезиолошкиот дел.

– Како се справувате во услови на пандемија од Covid-19?

д-р Емил Угриновски: Морам да напомнам дека од првиот ден кога пандемијата влезе во границите на нашата држава ние многу темелно пристапивме и горди сме што до овој момент останавме чиста болница. Ниту еден од нашите вработени не е заразен од вирусот а некои од пациентите кои се задскриваа навремено ги откривавме и не дозволивме вирусот да не изненади.

Неуромедика работи со целиот свој капацитет, сите оддели функционираат со строго почитување на сите мерки на безбедност. Сите пациенти можат да се прегледаат и сите операции непречено се одвиваат.

Ние сме единствената болница која го вгради и го имплементираше тотем системот за дезинфекција, тоа се специјални апарати низ коишто секој пациент мора да помине на дезинфекција пред да стави маска и ракавици.

На сите пациенти и вработени им се мери температурата и доколку се установи покачена температура пациентите или вработените не се пропуштаат и не им е дозволен влезот во болницата бидејќи одговорноста е на сите!

Награди со кои се гордееме се:

– На Форумот за Врвен Квалитет и Менаџмент кој се одржа на 07.10.2016 во Кан, Франција, д-р
Емил Угриновски ја доби наградата Менаџер на Годината додека „Неуромедика“ е прогласена за Најдобра Регионална Болница.
– Европско бизнис здружение (Europe Business Assembly) на „Неуромедика“ ја додели наградата за Најдобра Болница.
– Плакета за д-р Емил Угриновски за особен придонес во македонскиот ракомет
– Студентите избраа! Neuromedica #STUBRAND, Грижата за нивното здравје го имаат доверено на најмодерната приватна македонска Болница Неуромедика.
– Д-р Емил Угриновски го доби признанието Личност на Југоисточна Европа за 2017 година (SEE Personality 2017) што се доделува во рамки на Фестивалот на кинематографиите од Југоисточна Европа.
– Сертификат за „Неуромедика“ за деловна успешност во исполнување на највисоките критериуми за достигнувања во 2018 година.
– Награда за Неуромедика за најдобра практика (Best practice) за 2018 година од Европското Здружение за истражување на квалитет!