Колачот е толку вкусен што ќе го приготвувате и во денови кога не постите. Едноставен и многу брзо се приготвува.
Потребни состојки: 550 г брашно, 1 прашок за печиво, 450 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 2 лажици какао прав, 500 мл вода и 300 мл масло. Постапка: Во еден сад ставете шеќер, ванилин шеќер, масло и вода, па мешајте додека да се соедини.
Измешајте го прашокот за печиво со брашното. Постепено додавајте го во смесата и матете. Смесата поделете ја на два дела, а во едниот ставете какао во прав и добро промешајте.
Во намастен плех или калап со пречник од 34 см, прво ставете три лажици од кафеата смеса, во центарот. Потоа ставете три лажици од белата смеса, исто во центарот, и продолжете наизменично да ставате по три лажици од двете смеси, додека да се потрошат количините.
Шарената смеса се разлева од центарот кон краевите. Колачот ставете го во претходно загреана рерна на 180 степени и печете 15-20 минути. Деталите можете да ги погледнете во видеото: