Прелиени погачици со сирење, млечен вкус и мирис. Се приготвуваат многу едноставно и одлични се за вечера или појадок.
Потребни состојки: 100 мл топло млеко, 1 супена лажица сув квасец, 1 супена лажица шеќер, 100 мл топла вода, 100 мл масло, 1 белка, 550 г брашно, 1 лажичка сол. За прелив: 200 мл јогурт, 2 лажици кисела павлака или кисело млеко, 1 жолчка и сусам за наросување по желба
Фил: ситно сирење, шунка или по желба. Постапка: Во еден длабок сад ставете 100 мл топло млеко, една супена лажица сув квасец и една супена лажица шеќер. Промешајте и оставете на топло 10-тина минути додека да се активира и запени. Потоа додадете 100 мл топла вода, 100 мл масло и една белка. Брашното постепено додавајте го и една лажичка сол.
Прво мешајте со лажица, а потоа замесете и со рака. Тестото пренесете го на работната површина, а потоа убаво измесете го околу 5 минути додека да стане мазно, меко и нелепливо. Измесеното тесто стабете го во сад, затворете го со проѕирна фолија и оставете го на топло место да стасува додека да ја удвои величината.
За да се забрза процесот, можете да го ставите во рерна вклучена на 40-50 степени околу половина час. Потоа тестото премесете го и поделете го на 8 делови. Од секој дел формирајте топче , со дланките развлечете го, филувајте го со дробено сирење или фил по ваша желба, па затворете го и формирајте ја погачицата.
Вака формираните погачици редете ги во намастен плех со средна величина (може и да го обложите со хартија). Покријте ги со најлонска кеса и крпа и оставете ги да стасуваат на топло место околу 40-тина минути.
За тоа време пригответе го преливот: 200 мл јогурт измешајте со 2 лажици кисела павлака и 1 жолчка. Промешајте за да се изедначат состојките, а потоа добиениот прелив рамномерно истурете го врз стасаните погачици.
Одозгора наросете ги со сусам и ставете ги во загреана рерна на 200 степени, да се печат околу 20 минути. Деталите можете да ги погледнете во видеото: