Сакам да споделам со вас мое искуство, како успеав да ги надминам болките во желудникот кои ми беа предизвикани до вишок желудочни сокови и нагризена слузокожа.
Пред многу години ми беше откриено дека имам гастроентерит со висока киселост. Пиев лекови за ублажување на болките кои ми ги препорачаа лекарите, но проблемот само за кратко се маскираше и јас и натаму си трпев болки.
Еден ден со жена ми и синот бевме отидени на пазар во блиското село. Таму одеднаш добив силен напад со остра болка во желудникот, па веднаш заборавив на пазарувањето и тргнавме назад да си одиме дома. Кога пристигнавме во градот едвај излегов од автомобилот.
Пријателката на жена ми која дојде со нас виде дека имам проблем и колку страдам, па ме праша што ми се случило. Тогаш и кажав за мојата болест.
Таа ме погледна сочувствено и ме посоветува секој ден да рендам сурови компири на ренде, да го цедам сокот од ренданата смеса и да пијам по 100 мл од тој сок на празен стомак, а веднаш потоа да го “измивам” компировиот сок со домашно приготвен кефир или кисело млеко. И така, 9 дена по ред. Може да се користи обичен или сладок компир, но добро е да биде сочен, да не е дехидриран и премногу стар.
Немав што да изгубам, па го послушав нејзиниот совет и започнав да се лекувам на тој начин. Уште на петтиот ден почувствував значително олеснување, но и покрај тоа продолжив да го пијам сокот од компир и кефир сите 9 денови.
За тоа време состојбата ми се стабилизираше. Јадев сè што сакав, но болки во стомакот и желудникот повеќе немав.
Така продолжи една година, а потоа повторно почувствував болка во стомакот со киселини во желудникот, па повторно се сетив на овој лек. Без размислување веднаш го повторив лекувањето.
Оттогаш се поминати многу години, но не ми се повтори проблемот.
Напомена: Оние кои се склони на дијареа, сокот треба да го пијат со талогот, а во случај на запек, да го пијат сокот без талог. Како и за секој лек од природната медицина, така и за овој важи правилото да се консултирате со вашиот лекар пред консумација.