Овој едноставен метод ќе ве ослободи од главоболката и ќе ви го нормализира крвниот притисок за многу кратко време.
Ако имате силни и неподносливи болки во главата, итно пригответе го овој солен раствор.
КАКО СЕ ПРИГОТВУВА?
Пред сè, пригответе облога од газа или тенка памучна ткаенина. Ставете ја газата во 8 слоеви, а ширината на облогата треба да одговара на висината од вашето чело, а должината да одговара на обемот на вашата глава.
Потоа, загрејте 250 мл вода до 60-70 степени и во неа растворете 2 рамни кафени лажички сол. Ќе добиете 8% солен раствор.
Со топла вода брзо измијте го челото, ушите и тилот. Натопете ја облогата во солениот раствор, па исцедете, протресете ја малку да излади, и завиткајте ја главата, ушите и тилот. За да се фиксира облогата, ставете на главата памучна марама. Потоа, легнете.
Веќе после неколку минути ќе почувствувате олеснување, но не брзајте со отстранувањето на облогата. Останете да мирувате уште 20-тина минути. Откако ќе ја тргнете облогата, челото, ушите и тилот повторно измијте ги со топла вода.
Ако имате неподнослива главоболка искористете го овој едноставен метод и бидете сигурни, ќе ви биде подобро! Доколку имате висок крвен притисок, дополнително пригответе и солена бања за нозете.
Нека не ве збунуваат солените облоги и бањи. Внесот на сол во организмот предизвикува отеченост и зголемен крвен притисок, но солените облоги надворешно делуваат токму спротивно низ кожата, поттикнуваат исфрлање на течности од организмот, значи, делуваат како диуретик.
На сличен начин можете да се ослободите од отоците во нозете: држете ги некое време во солена вода и веднаш ќе забележите како тежината и отоците се намалуваат.
Овој метод иако ќе ви понуди моментно олеснување, не заборавајте да посетите лекар и да се советувате со него.