Баба ми неодамна наполни 85 години, а таа сè уште е витална, енергична и весела. Целиот свој живот го поминала на село, јадејќи ги плодовите набрани од нејзината градина и речиси никогаш не стапнала во градот.
Преку целиот свој живот таа уживала во добро здравје. А забите…иако никогаш не користела четка ниту паста за заби, дури после 80-тата година започнаа да и се разнишуваат.
Баба ми никогаш не била на лекар, а болките си ги лекувала со билки и народни методи. И секојпат кога ќе и појдеме на гости таа ни дава од нејзиниот специјален напиток, за кој вели дека најдобро ја крепел низ целиот нејзин живот.
Овој напиток како што вели таа, го наследила од нејзината баба и не знае колку е стар. Тој дава вечна младост и долг живот.
Според неа, овој “еликсир за вечна младост” помага речиси за сè: главоболки, срцеви проблеми, проблеми со крвните садови, со стомакот, цревата, настинки…
Како го приготвува нејзиниот напиток? Многу едноставно! Во едно тенџере излева еден литар свежо млеко, па во него става најмалку 3 чешниња лук. Може само да ги нагмечи, но таа ситно ги сечка и ги толчи за да не мора да го прецедува млекото. Нам ни вели, ако сме немале време, доволно било да ги ставиме чешнињата само нагмечени.
Потоа тенџерето ставете го на оган да зоврие. Штом проврие, тргнете го на страна и оставете го поклопено еден час. Овој напиток може да се пие секое утро или вечер пред легнување.
Вкусот е изненадувачки пријатен. Ако сакате да го подобрите уште повеќе вкусот, тогаш засладете го со малку мед.
Во случај на настинка помага за да се намали температурата и да се ослободите од кашлицата и течењето на носот. Со овој напиток се зголемува имунитетот.
Ако го пиете пред спиење, ќе ви помогне многу полесно да заспиете. Исто така, го регулира холестеролот во крвта и помага при дијабетес.
Ја подобрува циркулацијата на крвта, ги зајакнува крвните садови и помага во полесно ослободување од вишокот тежина. НАПОМЕНА: Погоре опишаното е лично искуство и секој пред примена треба да се советува со својот лекар.