Рецепт и видео презентација на Валентина Машковиќ. Ова е стар рецепт “Плазмино овошно задоволство” за торта која не се пече. Потребен е само миксер.
Потребни состојки: 500 г путер или софт маргарин, 200-250 г шеќер во прав по вкус, 4 чаши кисела павлака или 700 г, 600 г плазма, 500 г овошје по избор, 3 кесички шлаг
млеко, 50 г чоколадо, 50 г овошје
Постапка: Путерот на собна температура измешајте го со шеќерот во прав и пенасто изматете со миксер. Потоа додадете цела кантичка кисела павлака од 700 г или 4 чаши од 180 г. Повторно изматете додека да се изедначат состојките.
Смесата може ќе ви се чини течна, но така треба да биде, вишокот влажност ќе ја впијат кексите. Плазма кексите ставете ги во една кеса, па одозгора притиснете ги со огкагија за да се искршат побрзо.
Кршените кекси додадете ги во смесата од путер и кисела павлака, па промешајте убаво за да се соедини и изедначи. Овошјето што ќе го одберете по сопствен вкус, измијте го добро, исчистете го и ситно исечкајте го. Во овој рецепт се користат банани, праски, ананас.
Исечканото овошје измешајте го во смесата и соединете го. Калап за торти со обрач намастете го со путер од дното и внатрешната страна од обрачот, па целата смеса излејте ја во калапот и изедначете.
Оставете ја во фрижидер најмалку на 2 часа за убаво да се излади, па потоа украсете со шлаг, чоколадо и овошје или по желба. Деталите погледнете ги во видеото: