Приготвувајте го секој ден и нема да чувствувате сериозни налети од глад, ниту ќе се прејадувате. Со помош на овој чај ќе ја забрзате и подобрите дигестијата и ќе воспоставите добра перисталтика на цревата.
Како се користи ловоров лист за слабеење?
Доколку сакате да ослабете на здрав и природен начин, тогаш секој ден приготвувајте чај од ловоров лист и цимет.
Потребни состојки:
1 литар вода
5 цели листови ловор
2 стапчиња цимет
Постапка:
Во зовриена вода ставете ги ловоровиот лист и циметот. Оставете на тивко под капак да се готви 20 минути.
Потоа садот тргнете го и оставете поклопено да отстои уште половина час. Потоа извадете ги листовите, процедете со цедалка и складирајте во стаклено шише.
Доколку вашата цел е да ги намалите вишокот килограми, тогаш целата течност треба да ја испиете во текот на денот.
Се пие по една шолја пред оброк, на празен желудник, наутро, а остатокот распоредете го во текот на денот.
Со овој напиток ќе го забрзате метаболизмот, ќе го детоксифицирате организмот и нема да имате налети на глад во текот на денот.
Чајот од ловоров лист и цимет е добар и за дијабетичари, бидејќи го одржува шеќерот во крвта под контрола.