Жените ширум светот постојано се обидуваат да пронајдат некоја “магична” диета која како со магично стапче ќе им го елиминира вишокот килограми, без голема мака, без вежбање и рестрикции во исхраната.

Инаку, голем број диети вклучуваат намирници кои се сметаат за здрави, но ретко им се достапни на сите или пак се прескапи, па не може секој да си ги дозволи.

Поради тоа, голем број луѓе се откажуваат од диетата, бидејќи поевтино им е да си купат некои помалку здрави намирници од кои можат да преживеат.

Сепак, постои една диета со која речиси ќе немате никаков трошок! Сè што ви е потребно веќе го имате во вашата кујна, а за три дена може да ослабете дури и 5 килограми.

КОЈ Е ТРИКОТ СО КОМПИРОТ?

Имено, компирот во себе содржи скроб кој ако се помеша со млечните киселини како оние во јогуртот, на телото може да му даде дополнителни калории за цел ден, и на тој начин се исполнува квотата за дневен внес на калории.

На овој начин се постигнува чувство на ситост, без да внесувате разни шеќери во својот организам. Оваа диета трае само три дена и режимот е следен:

За да успеете, мора строго да се придржувате на менито во текот на три дена.

ПРВ ДЕН

За појадок: еден компир без сол и една чаша јогурт.
За ручек: два варени компири и една чаша јогурт.
За вечера: две чаши јогурт.

ВТОР ДЕН

За појадок: една чаша јогурт.
За ручек: два варени компири без сол и една чаша јогурт.
За вечера: еден варен компир без сол и една чаша јогурт.

ТРЕТ ДЕН:

За појадок: еден варен компир без сол.
За ручек: еден варен компир без сол и една чаша јогурт.
За вечера: една чаша јогурт.

Напомена: варениот компир содржи витамини и минерали, а јогуртот ја регулира дигестијата и исфрлањето на токсините.