Секое утро милиони луѓе го започнуваат денот со шолја топол чај. Некои со шеќер, некои без, некој пие зелен, некој црн.

Сите луѓе знаат дека чајот е корисен, но сите не знаат за квалитетите на зелениот чај. Многумина исто така, не слушнале за чајната диета, диетата со зелен чај и млеко. Ако сте меѓу оние кои сепак имаат искуство со млекочајот, ве молиме споделете го со нашите читатели во коментар.

Млекочајната диета (диетата со млеко и зелеј чај) најмногу е популарна меѓу луѓето кои сакаат да ослабат и после да ја одржуваат својата тежина во нормала.

Млекочајот не е само вкусен напиток кој не создава чувство на глад, туку е и одличен за чистење и детоксикација на целиот организам од токсините.

ЕДНОДНЕВНА ДИЕТА СО МЛЕКО И ЗЕЛЕН ЧАЈ

За еден ден со млекочајната диета, во зависност од вашата воздраст, полот и вишокот килограми кои ги имате, може да ослабете од 0,5 до 2 кг телесна тежина. Диетата со млекочајот се препорачува да се држи еден ден, не почесто од двапати месечно.

Контраиндикации: нетолеранција на млеко, болести на бубрезите и жолчна кеса, низок притисок. Ако имате некоја хронична болест, консултирајте го својот лекар.

РЕЦЕПТ ЗА МЛЕКОЧАЈ

Потребни состојки:

1,5 литар немасно млеко
2 лажици зелен чај во прав

Постапка:

Препорака е зелениот чај да се купи од аптека, Билна аптека или продавница за здрава храна. Не користете чај од филтер кесички, бидејќи нема да имате никаков ефект.

Во зовриеното и подизладено млеко до 70 степени (ова е важно: млекото треба да биде врело, не млако, но да се остави малку после вриењето), додадете 2 лажици зелен чај. Промешајте, поклопете и оставете да отстои 20 минути. После процедете го и пијте го. Може да го складирате во термос доколку сакате да го пиете топол во текот на денот.

Употреба: Млекочајот се пие во текот на денот по една шолја на секои 2 часа.

Чајот со млеко се апсорбира подобро, бидејќи чајот го олеснува варењето на млекото, а млекото ги ублажува ефектите од кофеинот.

Во меѓувреме, пијате минерална негазирана вода. Вода треба да испиете најмалку 2 литри во текот на денот, задолжително, бидејќи млекочајот е силен диуретик, а водата ја контролира рамноетажата во организмот. Нема да чусвствувате силна потреба за глад, бидејќи млекочајот го ослободува организмот од чувството на глад.