Едноставен и брз колач со цреши, но доколку повеќе сакате, може да го приготвите и со вишни, јагоди или друго овошје. Овој колач е неверојатно добар, а бисквитот е еден од најдобрите кои некогаш сум ги пробал. Се приготвува за 10 минути, се пече приближно за 40 минути, а потоа веднаш може да се јаде.

Фото и рецепт: Марко Стрижак

Потребни состојки:

550 – 600 г цреши без семки
250 г остро брашно
2 јајца
190 г шеќер +- по вкус
2 ванилин шеќер
240 г кисела павлака
120 мл масло
2 лажички прашок за печиво
1 прстофат сол

Постапка:

Во брашното додадете прстофат сол и прашок за печиво. Рерната вклучете ја да се загрева на 175 степени.

Јајцата во посебен сад измиксајте ги со шеќерот и ванилин шеќерот, додека да побелат и згуснат. Додадете кисела павлака, измиксајте, додадете масло па уште еднаш изматете.

Половина од брашното просејте го и полека изматете го во смесата со миксер, а потоа додадете ја и втората половина од просеаното брашно. Плех со средна величина обложете го со хартија, па распоредете ја смесата.

Црешите одозгора расфрлете ги и ставете да се пече во загреаната рерна. Се пече околу 40-45 минути или прилагодете според вашата рерна.

Оваа смеса е густа, тестото се прави со остро брашно и црешите не паѓаат на дното, но доколку сепак се плашите дека ќе пропаднат, претходно извалкајте ги малку во брашно.

Ова е најубавиот рецепт за овошен колач, пробајте и уверете се. Деталите можете да ги погледнете во видеото: