Превкусни мафини со тиквички, меки како душа, здрави и лесни, брзи за подготовка, готови за половина час. Од оваа смеса излегуваат 12 мафини со средна величина.
Потребни состојки: 1 тиквичка од 270-300 г, 2 јајца, 2 лажици масло, 100 г брашно (5 полни лажици), 2 лажици гриз, 6 г прашок за печиво (1/2 кесичка), 1 лажичка сол, оригано по вкус, црн пипер по вкус, ½ црвена пиперка ситно сечкана, 70 – 100 г рендан кашкавал, сусам за наросување
Постапка: Тиквичката измијте ја, излупете ја и изрендајте ја. Не ја цедете. Две јајца изматете со виљушка, додадете ги во ренданата тиквичка и убаво соединете.
Додадете 2 лажици масло, промешајте, па додадете ја мешавината од 100 г брашно и 2 лажици гриз. Соединете.
На крај додадете: 1 лажичка прашок за печиво (6 г), 1 рамна лажичка сол, оригано и црн пипер по вкус. Црвената и исечкана пиперка ставете ја по желба, но дава одличен вкус. Убаво промешајте за да се изедначат состојките. Изрендајте 70-100 г кашкавал, па и него додадете го во смесата и промешајте.
Калапите за мафини намастете ги со путер или масло, па полнете ги рамномерно, по една лажица за еден мафин. Од оваа количина излегуваат 12 мафини со средна големина, а доколку сакате повеќе, зголемете ги состојките.
Одозгора наросете ги со сусам и ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени додека убаво да заруменат. Деталите можете да ги погледнете во видеото: