Оревовката уште е позната и под називите ораховач, оревовача или ликер од ореви. Но, како и да го нарекувате овој пијалак кој се добива од млади зелени оревчиња со големина на бадем, за многумина тој е омилен ликер.
Покрај другото, оревовката е позната по позитивното дејство врз здравјето, затоа што младите ореви содржат многу лековити состојки од кои најзначајната е јодот. Се берат додека се многу млади, зелени и со мека внатрешност, пред да се оформи цврстата кафеава лушпа со прегради.
Постојат неколку рецепти за приготвување на оревовача, но основниот рецепт ги подразбира следните состојки: 1-2 литри домашна комова ракија, 1 кг кристал шеќер, 40 млади зелени ореви, по можност да бидат помали. Постојат рецепти во кои шеќерот се заменува со мед.
Во тој случај, најчесто се приготвува „топла бања“ за да не се изложува медот на сончеви зраци, или се чува на светло место, но не на директна сончева светлина, или пак, под сенка. Рецептот како се приготвува мед со зелени ореви можете да го прочитате ОВДЕ. По желба можете да додадете и зачини како што се цимет, ванила, каранфилче, ѕвездест анасон или лимон.
Овој рецепт за домашна оревовка е многу едноставен. Оревите измијте ги и избоцкајте ги со чепкалка, игла или виљушка на неколку места, а можете и да ги исечете на помали парчиња (половинки или четвртинки во зависност од нивната големина). Притоа носете ракавици за да не ви се обојат рацете.
Оревчињата ставете ги во поголема стаклена тегла, па преку нив истресете го шеќерот. Теглата не ја затворајте херметички, туку покријте ја со двојна или тројна, стерилна газа. Теглата оставете ја да отстои на сонце 4 седмици (28 дена), со повремено протресување за да се растопи шеќерот.
После четири седмици додајте домашна ракија, па дури тогаш херметички затворете ја теглата и оставете уште малку да отстои на топло или сонце, но не на директно сонце (оптимално време е 40 дена). Кога оревите и шеќерот ќе се измешаат со ракијата, тогаш можете да ги додадете зачините по желба.
Ако сакате да додадете лимон, тогаш додајте го 10-тина денови пред да истече рокот од 40 дена, колку што е препорачано оревовката да отстои пред процедувањето. После 40 дена процедете го ликерот во темни стаклени шишиња или едноставно извадете ги оревите. Се чува на ладно и темно место.
Иако можеби така не делува, сепак оревововката е многу силен алкоxолен напиток и ова е само основната мерка за рецептот од традиционалниот напиток. Постојат и многу други рецепти според кои се додава уште ракија по вкус. Имајте во предвид дека ракијата на топло испарува, па стаклото може да се скрши и затоа не го оставајте шишето на директно сонце.
Дополнителен совет: домашната оревовка е најдобро да се прави пред крајот на мај и почетокот на јуни, бидејќи тогаш се наоѓаат најубавите плодови од млад орев. Меѓутоа со промена на климатските услови овој период може да варира. При приготвување на оревовката најдобро е да се носат заштитни ракавици за да не дојде до обојување на кожата.
ЛИКЕР ОД ОРЕВ ЗА ШТИТНА ЖЛЕЗДА
Како што веќе знаете, штитната жлезда е една од најважните ендокрини жлезди во организмот, која управува со бројни витални процеси. Штитната жлезда е регулатор на телесната температура, ја регулира работата на срцето, како и неpвниот систем.
Нејзината правилна работа влијае врз целокупното здравје и изгледот на косата и кожата. За оние кои имаат проблем со правилното функционирање на штитната жлезда, се користи токму ликер од ореви како лек за штитна жлезда. Тоа е затоа што младите ореви се многу богат природен извор на јод, кој е многу важен за правилната работа на штитната жлезда.
За правилна работа на штитната жлезда доволно е секое утро на празен стомак да испиете по една ракиена чашка домашен ликер од оревовача, но со претходна консултација на лекар. Кај некои луѓе проблемите настануваат поради вишок на јод, па тие треба да го одбегнуваат овој пијалак.
ОРЕВОВКА ЗА ЖЕЛУДНИК
Кога станува збор за домашниот ликер од ореви, веќе споменавме дека се смета за универзален природен лек за желудник. Најчестите симптоми за желудечни заболувања се б олки во стомакот, подуеност, м ачнина и повраќање. Најчесто овие тегоби се лекуваат со разни антибиотици кои некогаш не делуваат, па затоа луѓето изнаоѓаат решенија во алтернативната медицина и се презадоволни со резултатите.
Домашната оревовача е еден од природните лекови за желудник кој несомнено ги ублажува споменатите тегоби. Ликерот од ореви несомнено се користи кај третмани со желудечни инфекции предизвикани од бактерии како што е хелико бактеријата.
Делотворен е бидејќи директно ги напаѓа бактериите и позитивно делува врз цревната флора, го јакне стомакот, го олеснува варењето на храната, спречува појава на ждригавица и подуеност. Напомена: Иако оревовката е лековита, треба да се има во предвид дека таа спаѓа во силните алкоxолни пијалаци. Најважно е да не се претерува со конcумирањето.
Препорачана доза е мах 2 ракиени чашки дневно. Доколку имате сериозни здравствени проблеми задолжително конcултирајте се со вашиот лекар пред да се одлучите да конcумирате оревовка во лековити цели. Ова особено се однесува на оние кои веќе користат некоја терапија. Особено не се препорачува за бремени и доилки.