Рецептот ни го испрати нашата драга пријателка Амина Хусиќ. Под пишаниот рецепт можете да го погледнете и видеото со деталите од постапката. Запишете си го овој рецепт зошто откако еднаш ќе ги пробате, многу чесно ќе почнете да ги правите.
Потребни состојки: 200 мл млако млеко, 100 мл млака вода, 10 г сув квасец, 25 г шеќер, 100 г брашно, 50 мл масло, 5 г сол, 340 г брашно и 1 јајце.
Постапка: Во еден сад ставете 200 мл млако млеко и промешајте со 100 мл млака вода. Додадете 10 г сув квасец, 25 г шеќер и 100 г брашно. Измешајте со жица за да се изедначат состојките и да нема грутчиња, поклопете со проѕирна фолија и оставете 15 минути на топло за да се активира квасецот.
Во активираниот квасец додадете 50 мл масло и 5 г сол, па промешајте и постепено додадете околу 340 г брашно. Мешајте со лажица или шпатула. На крај замесете со рака меко тесто. Пред крајот додадете и едно јајце, па продолжете со месење.
Тестото добро измесете го додека да го прими јајцето и да не се лепи за рака. Оставете го покриено со проѕирна фолија да стасува околу половина час. На набрашнета површина уште малку измесете го стасаното тесто, па потоа со оклагија развлечете кора со дебелина од 3 мм.
Со чаша вадете кругови, покријте ги со проѕирна фолија да стасуваат неколку минути. Потоа мекиците пржете ги на умерено загреано длабоко масло додека да заруменат од двете страни. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.