Лилјана Милојковиќ од Ниш ги зајакнала своите коски со секојдневно консумирање на 50 грама просо сварено во млеко.
Пред десеттина години Лилјана Милојковиќ, економист од Ниш, се соочила со сериозен проблем – морала да оди на операција поради дискус хернија. Поради својата дијагноза таа веќе не можела да се движи од болки и животот и бил искомплициран.
Додека ја подготвувале за операција било утврдено дека покрај другото, има и остеопенија, прв чекор кон намалување на коскената маса и пореметување во градбата на коскеното ткиво.
-Кога целосно се опоравив од операцијата на дискусот, одлучив сериозно да се позанимавам со своите коски, со оглед на тоа што длабоко навлегов во шестата деценија од животот, а со тоа коските ќе ми стануваат уште поровки од претходно.
Затоа, пред пет години отидов на лекар специјалист кај кого ми беше направена дензитометрија и ми беше утврдено дека имам остеопороза од трет степен.
Истрајно пиев витамин Д и пропишаниот лек во текот на четири години, но на контролните прегледи се утврдуваше дека степенот на остеопорозата воопшто не се намалува.
Во меѓувреме прочитав дека просото е добро за заболените од остеопороза, па одлучив да го пробам и тоа чудо, истакнува Лилјана и продолжува:
-Прво ја проучив литературата во која е нагласено дека просото ги обновува клетките и оштетените ткива. Бидејќи содржи висок процент на фосфор и калциум, кои имаат големо влијание врз формирањето на коските, се определив од терапијата да го исфрлам лекот кој го пиев и да користам само витамин Д и просо.
Цела година секојдневно користев само витамин Д и просо кое го варев во млеко, исто како што се вари сутлијаш.
Неодамна отидов на контрола и на остеодезинтометријата беше забележано дека коскената маса ми се зголемила, односно, дека степенот на остеопороза ми се намали на 2,5 степен. Тоа ме увери дека моќта на природата е многу поголема од моќта на синтетичките лекови.