Предраг Спасиќ од Поповац, Ниш дава одлични совети за подобрување на здравјето со помош на пчелини производи.

Пчелите се неверојатни суштества, кои што и да произведат сè e природен еликсир на животот. Медот, матичниот млеч, поленот, прополисот, пергата – ама баш сè што ќе создадат пчелите е корисно за луѓето и не е само хранливо туку и многу лековито – објаснува пчеларот Предраг.

Повеќе од три децении Предраг Спасиќ се занимава со пчеларство во својот роден Поповац каде инаку пчелите му зимуваат и од каде секоја пролет ги сели на паша во Сува планина. Сега, Предраг има околу 250 кошници и проценува дека не би требало повеќе да се шири, но како што вели, никогаш не се знае.

Во обемната работа околу одржувањето на пчеларникот голема помош му пружаат сопругата Снежана и синовите Александар и Ненад.

-На упорното наговарање на еден колега од работа кој беше пчелар, кога во 1985 година ми се роди синот Александар, го започнав пчеларењето со само пет рамки и оттогаш пчеларникот постојано го унапредував до сегашниот број.

Многу си ги сакам моите пчели и ги негувам како да ми се дечиња – со блага насмевка раскажува Предраг и додава дека тие многу му помогнале да ги школува своите синови кои денес се диплмирани сообраќајни инженери.

-Пчелите се неверојатни суштества, кои што и да произведат сè e природен еликсир на животот. Медот, матичниот млеч, поленот, прополисот, пергата – ама баш сè што ќе создадат пчелите е корисно за луѓето и не е само хранливо туку и многу лековито.

За лековотите својства на медот и пчелините производи се знаело уште многу одамна, а сега и научно се потврдени сите народни преданија кои се пренесувале од колено на колено.

Медот е незаменлив за одржување на добро здравје, јакнење на имунитетот, брзо опоравување после болест, но не треба да се консумира повеќе од грам по килограм телесна тежина дневно.

Матичниот млеч е исто така многу корисен за срцето и крвните садови, за јакнење на имунитетот, а утврдено е дека влијае врз регенерација на сите клетки во организмот, бидејќи покрај витамините и минералите содржи 18 видови аминокиселини, бројни ензими, гама глобулин, колаген и моќни антиоксиданси.

Перга е всушност ферментиран полен и за неа е докажано дека има исти својства и влијание врз здравјето на луѓето како и матичниот млеч. Едно зрно полен заедно со останатите супстанции содржи цел комплек витамини Б, па се препорачува за анемични луѓе, за подобрување на крвната слика, за ублажување на климактеричните тегоби, за проблеми со простата, проблеми со органите за варење и за остеопороза.

Восокот исто така е многу корисен и се користи како облога за градниот кош при бронхитис и при проблеми со штитната жлезда, а отсекогаш се употребувал како антисептик за бебиното папоче. На новороденчето на памукот му се става плочка од восок и папокот многу брзо зараснува без никакви компликации.

Штом напупат првите багремови цветови на Сува планина, Предраг со синовите ја започнува селидбата на пчеларникот.

-Густата багремова шума на падините од Сува планина е идеално место за моите пчели – вели Предраг и додава: Кога багремот ќе прецвета, тука се, како што утврдија биолозите, цветните ливади со повеќе од 700 различни билки. Меѓу овие цвеќиња се наоѓаат и лековитите билки: кантарион, мајчина душичка, враниловка, капина и други.

Еколошката чиста и сочувана Сува планина претставува гаранција за висок квалитет на мед и останати пчелни производи. Вистинска штета е што нашиот народ нема навика во исхраната да го користи медот, иако мора да признам, последниве години интересот е зголемен, а најверојатно затоа што повеќе се пишува за здравствените благодети на пчелините производи.

РЕЦЕПТ ЗА АНЕМИЈА

1 кг мед
30 г прополис
10 г млеч
100 г полен

Препаратот треба да се консумира два месеци по една лажичка, трипати дневно пред јадење.

РЕЦЕПТ ЗА ХРОНИЧНА СЛАБОКРВНОСТ

500 г мед
50 г семе од коприва
3 лажици какао

Се користи по една лажичка половина час после јадење.

РЕЦЕПТ ЗА ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК

Зголемениот крвен притисок може да се регулира така што трипати пред јадење се зема мешавина од мед и пчелни производи разматено во вода.

1 кг мед
10 г матичен млеч
200 г поленов прав
50 г прополис во прав