Лекарот кој никогаш не користел лекови советува правилно дишење, доволно движење и одбегнување на месо.
Рускиот доктор по медицина, професорот Иван Павловиќ Неумивакин, ги осмислил овие правила после 40 години работа со пациенти. Умрел во 90-година, а во текот на својот живот никогаш не користел никакви лекови.
Ова се неговите едноставни, но потврдени “закони”, а според зборовите на докторот, секој човек може да биде здрав и долговечен, под услов да се придржува на следните правила:
КЛУЧНИ ЗАКОНИ НА ЗДРАВЈЕТО
Самиот збор “болест” кај нас предизвикува негативна реакција, дури и несвесно. Всушност, нема болест. Постојат само одредени состојби кои може да се исправат. А мислата има исклучителна моќ.
ОПШТО ЗДРАВЈЕ
Добра профилакса против било кој грип е водороден пероксид. Тој вклучува атомски кислород кој му е неопходен на телото. Начин на употреба: 15-20 капки 3% хидроген пероксид разредено во 50 мл вода.
Со помош на шприц или капалка ставете неколку капки прво во едната ноздра, а потоа и во другата. Атомскиот кислород ги убива вирусите, габичките, микробите, малигните клетки, хелминитичките инвазии. А не им наштетува на нормалните клетки.
ПРАВИЛНО ДИШЕЊЕ
Важно е да се следи правилниот однос меѓу јаглероден диоксидот и кислородот во телото. Добро е да се дише на следниот начин: Мало вдишување и многу споро издишување. Потоа се прави пауза од недишење колку можете да издржите. Корисно е овој ритам на дишење да го применувате во текот на еден час дневно. Вдишувањето и издишувањето треба да биде со интензитет од 1:10.
ВИРУСИ
Мора да бидете пријатели со вирусите. Без вирусите не можеме да живееме. Тие имаат сличности со луѓето: исто така имаат ДНК, хромозоми. Поради тоа, важно е да не се дига паника, туку да се преземат разумни мерки за да се неутрализираат вирусите кои прават инвазија врз нашиот организам.
МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ
Зошто децата често имаат тумор на мозокот, проблем со нервниот систем, како и проблеми со видот? Во Јапонија на пример им е забрането да им се даваат мобилни телефони на деца помлади од 10 години. Зрачењето директно го оштетува нервниот систем.
ВОДА
Не можеме да живееме без вода. Луѓето со текот на годините престануваат да пијат вода, но без вода нема струење во организмот. Во клетките има илјадници митохондрии – минијатурни електрани на вода.
Водата е моќен енергетски систем. Ако говориме за кафе, чај и други напитоци – тоа не е вода, тоа не делува исто добро како водата. Телото мора да се ослободи, а чистата вода е спасот за него. Зимно време мора да пиете најмалку 1,5 литар вода, а летно време најмалку 2 литри.
Како правилно се пие водата?
-пред оброк 10-15 минути.
-никако во текот на јадењето, ниту една голтка
-после јадење: ако сте јаделе месо, после најмалку 2 часа, а после чорбесто јадење после најмалку 1,5 час.
-Ако се напиете вода во текот на јадењето или после јадењето пред да биде сварена храната, вие ќе ја разблажите хлороводородната киселина во желудникот и храната нема да се свари добро.
-пред јадење добро е да испијат две чаши вода.
ДВИЖЕЊЕТО Е ОД ВИТАЛНО ЗНАЧЕЊЕ
Сите мускулни системи треба да функционираат. Секојдневно е потребно да пешачите и да правите сквотови и други вежби за активирање на сите мускулни групи.
МЕСО
Месото е тежок, мртов производ. На пример, луѓето од Кавказ имаат обичај месо да јадат само во специјални пригоди, кога им доаѓаат драги гости. Месото не се замрзнува туку се јаде веднаш.
Месото е доста тешко за варење, па затоа кога се консумира, препорака е да се да се јаде во мали количини и да се комбинира со големи порции зеленчук и салата.
ЖИВЕЈТЕ СО ЧИСТИ МИСЛИ
Што можете да подарите – подарите! Тоа е најважното, да имате позитивен став. Сите негативни мисли, негативната енергија делува против сопственикот. Не завидувајте, не натрупувајте бес и негативни емоции во себе.