Многу убав и освежителен колач кој не треба да се пече ниту многу време за негово подготвување. Полесно и побрзо од ова не може.

Потребни состојки:

700 г петит кекси
300 г мелена плазма или други бисквити
1 литар јогурт
250 г шеќер во прав
1 ванилин шеќер
100 г чоколадо
300-350 г вишни (или друго освежително овошје)
шлаг за декорација

Постапка:

Во подлабок сад искршете ги крупно петит бисквитите. Додадете ги мелените бисквити, шеќерот во прав, ванилин шеќерот, па убаво со лажица промешајте за да соединат состојките.

Кога убаво ќе ги промешате состојките, одозгора прелијте го јогуртот, па уште еднаш промешајте за убаво да се промеша и јогуртот да се впие во бисквитите.

Потоа добиената смеса поделете ја на два дела. Во едниот дел додадете вишни и промешајте. Калап за торти со димензии 24 см обложете го со проѕирна фолија.

На дното од калапот рамномерно распоредете ја едната половина од смесата и убаво израмнете. Одозгора изрендајте го чоколадото.

Потоа нанесете ја втората половина од смесата во која додадовте вишни, па и неа убаво израмнете ја. Тортата ставете ја во фрижидер додека го матите шлагот. Шлагот изматете го со газирана вода или млеко, па украсете ја тортата по желба. Оставете ја тортата уште 15-тина минути во фрижидер малку да излади и вашата торта е готова.

Сите детали околу постапката можете да ги погледнете во видеото: