Фото и рецепт: Семса Чолиќ

Рецепти за баклави има колку што има и луѓе, но секогаш се восхитуваме на некој нов метод за приготвување на овој вкусен традиционален колач.

Потребни состојки:

500 г кори за баклава
1 кг ореви + 200 мл шеќер
250 путер/маргарин
200 мл масло

За шербет:

1 литар вода
800 г шеќер

Постапка:

1.Половина од оревите сомелете ги, а половина исечкајте ги. Во секоја половина додадете по половина чаша (100 мл) и промешајте.

2.Путерот заедно со маслото растопете го на многу тивок оган. Не смее да зоврие, туку само да се растопи. Ако пушти млеч бел слиј, тогаш процедете го.

3.Наредете 4 кори во тепсијата, но секоја премачкајте ја со растопениот путер. Наросете мелени ореви и малку притиснете со дланката.

4.Потоа наредете нови 4 листови, сите намастете ги, па наросете крупни ореви и притиснете лесно со дланката.

5.На овој начин повторувајте, 4 кори, мелени ореви, 4 кори, крупни ореви. На крај ќе ви останат 3 или 4 кори кои исто така треба да се премачкаат со путерот.

6.Исечете ја баклавата и прелијте го преостанатиот путер одозгора.

7.Ставете да се вари шербетот штом ќе почнете да ја редите баклавата. Пред крајот можете да ставите исечкан лимон, по желба.

8.Баклавата ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени додека да зарумени, па потоа намалете на 150 степени и така да се суши, севкупно 1,5 час. Баклавата топла се прелива со топол/млак шербет и се остава убаво да впие.

Фото и рецепт: Семса Чолиќ