Победете ја анемијата со примена на некои од традиционалните рецепти кои народот ги применува со години наназад.
За хемоглобинот и железото, како и за подобрување на целокупната крвна слика, ќе ви бидат потребни само неколку природни состојки за да го приготвите овој природен лек.
Не е комплицирано за да се направи и не постојат контраиндикации. Сосем е природен, здрав и без несанаи дејства. Намирниците ги има на пазарот.
Потребни состојки:
2 лимони
200 мл исцеден сок од морков
200 мл исцеден сок од цвекло
200 г исчистени ореви
200 мл мед
200 г суво грозје
Постапка:
Лимоните добро измијте ги и исечете ги на половинки. Извадете ги семките, а потоа лимонот заедно со кората сомелете го на машина за мелење месо.
Затоа, најдобро е да набавите домашен, органски лимон кој не е прскан, а доколку сте го купиле, тогаш добро истретирајте го во раствор со сода бикарбона.
Во мелениот лимон додадете го медот, сокот од морков, сокот од цвекло, како и сувото грозје. Добро промешајте да се изедначи, а на крај додадете ги исечканите ореви, па уште еднаш промешајте.
Смесата чувајте ја во стаклена тегла во фрижидер, а препорачана доза е една супена лажица, трипати дневно. Најдобро е да се консумира пред секој од поголемите оброци.
СОК ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ХЕМОГЛОБИНОТ
Потребни состојки:
4-5 главици цвекло
4-5 моркови
500 г мед
5 лимони
1,5 литар вода
Постапка:
Цвеклото и медот со лимонот можете да ги процедите во соковник, а потоа сокот да го додадете во медот и водата, но може и да ги изрендате, па да додадете лимонов сок и на крај мед.
Добро промешајте и оставете кратко во фрижидер, а сокот складирајте го во помали стаклени шишенца. Се чува во фрижидер и се препорачува да се пие по 200 мл на ден наутро, се додека да се поправи крвната слика.