Ако сакате да приготвите необичен, а освежителен сос, тогаш направете ѕаѕики. Неверојатно вкусно и лесно јадење и едноставно за приготвување. Може да се послужи како посебно јадење или како сос за месо, зеленчук или компир. Можете и едноставно да го јадете со леб.

Потребни состојки:

1 краставица
250 мл густ полномасен јогурт
2 чешниња лук
1 кафена лажичка маслиново масло
1-2 кафени лажички сок од лимон
20 г мирудија – копар
сол и црн пипер по вкус

Постапка:

1.Краставицата измијте ја, излупете ја и ситно изрендајте ја.

2.Сосот за да не биде премногу течен, исцедете го сокот од краставицата, може и низ газа.

3.Ситно исечкајте лук или изгмечете го низ преса за лук.

4.Мирудијата измијте ја, исушете ја и ситно исечкајте ја. Сите состојки убаво промешајте ги.

5.Додадете го јогуртот, маслиново масло и сок од лимон. Посолете и запиперете.

6.Пред послужување на салатата, добро изладете ја во фрижидер.

МИРУДИЈА – КОПАР (лат.Anethum graveolens) е едногодишно растение со посебен мирис, со ситни жолти цветчиња, се користи како зачин.