Доколку сакате да ослабете успешно, здраво и долгорочно, испробувајте ги диетите кои се испитани и експертите ги прогласуваат за најдобри.
Секоја година U.S. News & World Report собираат тим од експерти составен од доктори, нутриционисти, како и специјалисти за дијабетес, кардиоваскуларни болести и слабеење.
Секој експерт детално ги анализира диетите и плановите на исхрана и на крај ги одбираат оние кои според нивното мислење се најдобри за целокупното здравје, а со самото тоа и за слабеење.
Веќе неколку години по ред титулата ја носи диетата наречена DASH и заедно со медитеранската диета се сметаат за едни од најдобрите.
DASH диетата првенствено е осмислена како средство за борба против високиот крвен притисок. Лекарите ја препорачуваат оваа диета на сите кои имаат хипертензија или ризик од кардиоваскуларни болести.
Диетата се базира на овошје, зеленчук, интегрални житарици и немасно месо, а најважната одлика е намалувањето на внесот на солта, белиот шеќер, мастите и црвеното месо.
DASH (Dietary Approaches to Stop Hypertension) МЕНИ:
ПОНЕДЕЛНИК:
Појадок: 100 г овесна каша со 240 мл млеко, 75 г боровинки и чаша свеж сок од портокал
Меѓуоброк: 1 јаболко и 285 г грчки јогурт
Ручек: 285 мл зеленчукова супа, сендвич од 80 г туна, 100 г зелена салата, 1 мала лажичка лајт мајонез, 2 парчиња интегрален леб
Меѓуоброк: 1 банана
Вечера: 100 г варено бело месо, 100 г варена брокула и 100 г морков, 200 г варен интегрален ориз
ВТОРНИК
Појадок: 2 парчиња интегрален леб со 1 лажица џем, 1 јаболко, чаша свеж сок од портокал
Меѓуоброк: 1 банана
Ручек:100 г варено бело месо, 150 г зелена салата, 200 г варен интегрален ориз, 50 г тврдо сирење
Меѓуоброк: половина чаша сечкани праски и 285 г грчки јогурт
Вечера:100 г варен лосос, 300 г варен компир и 225 г варен зеленчук по желба
СРЕДА
Појадок: 100 г овесна каша и 240 мл млеко, 75 г бобинки и чаша свеж сок од портокал
Меѓуоброк: 1 портокал
Ручек: 2 парчиња интегрален леб, 100 г варено мисиркино, 50 г тврдо сирење, 100 г зелена салата и 50 г шери домати
Меѓуоброк: 4 интегрални крекери, 50 г свежо сирење, 100 г свеж ананас
Вечера: 200 г бакалар или ослич, 200 г варен компир и 75 г грашок и 75 г варена брокула
ЧЕТВРТОК
Појадок: 100 г овесна каша со 240 мл млеко, 75 г бобинки и чаша свеж сок од портокал
Меѓуоброк:1 банана
Ручек:Салата направена од 150 г туна, 1 варено јајце, 2 шолји зелена салата, 50 г шери домати и 2 лажици дресинг, 2 парчиња интегрален леб
Меѓуоброк: 1 круша и 285 г грчки јогурт
Вечера: 100 г бело месо на скара, 150 г варен зеленчук, 200 г варен интегрален ориз
ПЕТОК
Појадок: 2 варени јајца, 50 г шери домати, 2 парчиња интегрален леб, 1 чаша свеж сок од портокал
Меѓуоброк: 1 јаболко
Ручек: 100 г лисната салата, 100 г шери домати, 1 лажица дресинг, 50 г тврдо сирење, 4 интегрални крекери
Меѓуоброк: 1 шолја овошна салата
Вечера:1 шолја шпагети со доматен сос и 100 г мисиркино, 100 г варен грашок
САБОТА
Појадок: 2 парчиња интегрален леб, 2 лажички путер од кикирики, 1 банана, 2 лажици мешани семки за грицкање, 1 чаша свеж сок од портокал
Меѓуоброк: 1 јаболко
Ручек: 100 г пилешко на скара, 1 чаша зеленчук по избор на скара, 1 шолјичка кус кус
Меѓуоброк: 50 г бобинки и 285 г грчки јогурт
Вечера: 100 г филе од риба по желба, 150 г сатараш, 200 г интегрален ориз
НЕДЕЛА
Појадок: 100 г овесна каша со 240 мл млеко, 75 г бобинки и чаша свеж сок од портокал
Меѓуоброк: 1 круша
Ручек: пилешка салата: 100 г варено бело месо, 150 г лисната салата, 75 г шери домати, 1 лажица мешани семки и 1 лажица дресинг, 4 интегрални крекери
Меѓуоброк: 1 банана и 70 г бадеми
Вечера: 100 г печено говедско, 150 г варени компири, 75 г варена брокула 75 г варен грашок