Овој вкусен џем се приготвува многу брзо, а одлично одговара со палачинки.
Потребни состојки:
1250 г јагоди
500 г шеќер
1 кесичка џемфикс екстра
Постапка:
Јагодите измијте ги и исчистете ги, па потоа исечкајте ги. Јас ги исечкав на сечко, а вие можете исто или на даска, како сакате.
Исечканите јагоди ставете ги во поголемо тенџере на оган. Џемфиксот измешајте го со две лажици шеќер и додадете го во јагодите.
Мешајте додека да проврие смесата, а тогаш додадете го целиот шеќер и варете уште две минути. Мешајте цело време.
Џемот е готов. Топол складирајте го во топли стерилизирани тегли, добро затворете ги со капак и превртете ги наопаку за да се вакумираат.
Целата постапка можете да ја погледнете во видеото подолу: