Четири слоја розен кори, два слоја сладок, фин млечен крем и слој од најдобриот џем од сливи. Едноставно се топи во уста.

Потребни состојки:

2 лажици мед
200 г шеќер
70 мл млеко
50 г свинска маст (или путер)
1 јајце
250 г меко брашно
250 г остро брашно
1 прашок за печиво

За крем:

400 мл млеко
300 г шеќер
100 г остро брашно
250 г путер
250 г џем од сливи

Постапка:

1.За корите: на тивок оган растопете ги сите состојки, освен јајцата, брашното и прашокот за печиво.

2.Кога шеќерот ќе се растопи, исклучете го шпоретот и додадете го јајцето. Промешајте па веднаш додадете го и брашното помешано со прашок за печиво.

3.Тестото поделете го на четири дела и веднаш развлечете ги корите (по потреда додадете уште малку брашно за да не ви се лепи на хартијата).

4.Печете ги на превртена тепсија 30х35 см околу 8 минути во загреана рерна на 160 степени. Корите мора да останат светли. Испечете ги сите кори и оставете ги да изладат.

5.За крем: Измешајте ги сите состојки и сварете го кремот на тивок оган, околу 20-тина минути, додека да се свари брашното. Кремот прекријте го со фолија и оставете да излади.

6.Во изладениот крем додадете пенасто изматен путер кој претходно бил омекнат на собна температура.

7.Редење: кора-крем-кора-џем од сливи-кора-крем.кора. Врз колачот ставете некој потисок, односно нешто тешко. Оставете го вака да отстои барем 7-8 часа за убаво да се спои и слоевите убаво да се распознаваат. Потоа сечете го на коцки или штангли.

Coolinarika.com