Оваа салата обично оди со печен компир, месо или риба, а се приготвува за десет минути. На овој вкус не можете да му одолеете.

Потребни состојки:

10-тина парчиња млад кромид со зелени листови
500 г грчки јогурт (може 400 г кисела павлака и 100 мл обичен јогурт)
4 лажици мајонез
½ китка миродија
½ китка магдонос
1 лажица оцет
1 лажичка сол (алкохолна киселина)

Постапка:

1.Кромитчињата добро измијте ги и исечкајте ги. Истото направете го и со половината китка мирудија и половината китка магдонос.

2.Измешајте добро, па додадете го јогуртот, мајонезот, лажица оцет, па посолете, промешајте добро и вашата салата е готова.

Напомена:

Доколку немате грчки јогурт, можете да употребите 400 г обична кисела павлака и малку да ја разредите со 100 мл обичен јогурт.

На крај вкусете ја и по потреба додадете сол. Салатата е готова за само 10 минути.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: