Фото и рецепт: Данијела Наџ
Одлична работа за подигање на имунитетот која редовно ја правам. Особено им помага на луѓе во текот и после хемотерапијата за подобрување на крвта, а исто така и на анемичарите.
Потребни состојки:
1 тегла домашен мед
2 поголеми корења ѓумбир
2 поголеми домашни цвекла
Постапка:
Корењата од ѓумбир се мијат убаво и се лупат убаво, односно се грепкаат со лажица за да се отстрани само тенкиот слој од надворешната лушпа.
Потоа изрендајте ги. Истото направете го и со цвеклото. Јас ги мелам, односно ги миксирам за полесно консумирање, бидејќи ѓумбирот има влакненца.
Се мешаат убаво со медот до изедначување. Од оваа смеса добивате две тегли смеса. Има лут вкус од ѓумбирот, но многу е добро и здраво. Цвеклото и ѓумбирот пуштаат доста сок.
На една жена која одеше на хемо-терапија и испратив две тегли, па ми јави дека за многу кратко време се чувствувала многу подобро.
Во смесата можете да додадете лимон и морков, а лимонот ако е органски најдобро е да го сомелете заедно со кората. Секој ден по една лажица – фантастично! За луѓе со проблеми можат да консумираат и повеќе и почесто.
Во смесата можете да додадете и поленов прав, но може и да додадете повеќе или помалку од намирниците, нема да погрешите.
Фото и рецепт: Данијела Наџ