Home Здравје Ако секој ден јадете мед со ореви, еве што ќе му се...

Ако секој ден јадете мед со ореви, еве што ќе му се случи на вашиот организам

Медот и оревите се многу здрави и мочни намирници. Особено се препорачуваат во ладните зимски денови и пролетта кога владеат вирусите.

Научниците одамна докажаа дека содржат голема доза на важни витамини и минерали, така што благопријатно делуваат врз човековиот организам, а нивната смеса помага да се ослободите од многу опасни болести.

За да ја подобрите работата на внатрешните органи и на целиот систем, би требало почесто да јадете мед со ореви.

Ќе ви користи доколку сте под емотивен стрес или извршувате некои тешко физички работи.

Кога редовно се консумираат мед и ореви, во нашиот организам се случува следното:

-Ако сте пателе од главоболки, ќе поминат;

-Се нормализира системот за варење. За да се ослободите од опстипација, почесто јадете ја оваа слатка смеса;

-Помага за побрза загрепнување после пораѓај;

-Медот и оревите се незаменливи за женското здравје, бидејќи содржат супстанции кои го подобруваат дотокот на крвта во организмот, а со тоа го зголемуваат и либидото;

-Исто така, кај мажите ја зголемува моќноста;

-За јакнење на имунитетот, доволно е секојдневно да се изеде мала количина од оваа смеса.

Ако веќе сте добиле настинка, ќе помогне брзо да се ослободите од затнатиот нос и воспаленото грло.

-Ако патите од анемија, јадете ја оваа комбинација бидејќи содржи железо, цинк и манган.

-медот и оревите ги стабилизираат метаболитичките пореметувања.

-Се препорачува во текот на интензивна умствена работа да се јаде повеќе од овие намирници за подобрување на концентрацијата;

-Оревите содржат состојки кои ги ублажуваат ревматичните болки.

КАКО СЕ ПРИГОТВУВА СМЕСА ОД МЕД И ОРЕВИ

Оваа смеса воопшто не е тешко да се приготви. Измешајте ги двете состојки во еднаков однос, на пример 500 г мед со 500 г ореви, па додадете и сок од еден лимон. Добро промешајте и складирајте во стаклена тегла.

Консумирање: за деца постари од 3 години по една лажичка двапати дневно.

За возрасни по 1-2 лажици дневно, трипати дневно.

Во текот на зимскиот период имунитетот слабее, па телото станува подложно на различни инфекции. Зајакнете го својот организам со овие намирници и сочувајте го здравјето, зошто тоа ви е најважно!