Како дете многу ги сакав овие колачи направени од сусам и шеќер. Ова е рецептот за сите оние кои се сеќаваат на нив и сакаат повторно да ги пробаат. Доколку имате ваш рецепт сочуван од старите тефтери и фотографија од сусамките, испратете ни ги за да ги објавиме.

Во продолжение можете да прочитате 2 рецепти. РЕЦЕПТ 1 – Потребни состојки: 1 коцка маргарин или 250 г свинска маст, 3 јајца + 1 жолчка, 1 белка за мачкање, 8 лажици шеќер, 2 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво, малку сусам за тестото, околу една рака и + за наросување

Постапка: Сусамот истостирајте го колку да замириса (во сува загреана тава малку пропржете го). Путерот или маста пенасто изматете ја со шеќерот и ванилин шеќерот. Додадете ги јајцата и една жолчка, но само колку да се соединат, не предолго.

Додадете го брашното помешано со шеќер во прав и уште малку матете додека да се соедини смесата. Добиеното тест малку оставете го во фрижидер да се стегне, а потоа од него развлечете кора. Од кората сечете различни форми по желба, мачкајте ги со белка и одозгора наросете малку сусам.

Ставете во загреана рерна на 180 степени (или прилагодете според вашата рерна) околу 15-тина минути. Внимавајте да не ги препечете. Прочитајте го РЕЦЕПТ 2 – Потребни состојки:

130 г тостиран сусам, 175 г интегрален (кафеав шеќер), 55 г путер, 1 јајце, 80 г брашно, ¼ лажичка сол, 1 прстофат прашок за печиво, 1 лажичка свежо исцеден лимонов сок и 1 лажица ванилин екстракт

Постапка: Тостирајте го сусамот во сува тава на умерена температура, повремено мешајќе додека да добие златножолта боја. Оставете да излади. Изматете го омекнатиот путер со кафеавиот шеќер додека да добиете убава кремаста смеса.

Додадете јајце и матете но многу кратко, само колку да се соедини со путерот и шеќерот. Додадете измешано брашно со прашок за печиво и сол и уште малку матете за да се соедини со смесата од јајце и путер. Во смесата додадете лимонов сок, ванилин екстракт и тостиран сусам, па убаво со шпатула промешајте.

Тестото ставете го во фрижидер, рерната загрејте ја на 150-160 степени, пригответе го плехот и обложете го со хартија за печење. Од изладеното тесто црпете со лажичка мали топчиња и редете ги на плехот, а помеѓу оставајте доволен простор.

Печете ги околу 15-тина минути или додека почнат малку да заруменуваат на рабовите. Оставете ги неколку минути да изладат во тепсијата, па потоа вадете ги и оставете ги на жица целосно да изладат. Од оваа смеса излегуваат 24-48 колачиња, во зависност од големината.

Coolinarika.com