Home Рецепти Да не се заборават старинските рецепти: “Пекмезуша” – како што ја правеше...

Да не се заборават старинските рецепти: “Пекмезуша” – како што ја правеше мојата мајка

Фотографија и рецепт на Злата Рибиќ

Малку наликува на медено срце и по вкус и по изглед. Подолу има уште еден рецепт со видео, речиси идентичен на претходниот.

Потребни состојки: 1 чаша (од 200 мл) јогурт, 1 чаша млеко, 1 чаша шеќер*, 2 јајца, 6 лажици масло, 1 лажица сода бикарбона, 1 чаша џем/мармалад, брашно по потреба, да не биде тестото многу густо. *Кој сака послатко, може да додаде уште ½ чаша шеќер

Постапка: изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте го млекото и јогуртот. Продолжете со матење па додајте го маслото и мармаладот. На крај додајте го брашното помешано со сода бикарбона и добро промешајте за да нема грутчиња.

Рерната загрејте ја на 200 степени, а смесата излејте ја во калап со средна величина. Ставете да се пече и веднаш намалете на 180 степени и печете околу половина час.

Печениот колач можете одозгора да го премачкате со тенок слој мармалад, чоколадна глазура или да го наросите со шеќер во прав.

<

Речиси идентичен рецепт, но во овој рецепт брашното е помешано со гриз:

Потребни состојки: 3 јајца, 1 шолја џем, 1 шолја шеќер, 1 шолја масло, 1 шолја млеко, 1 шолја гриз, 1 шолја брашно, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво

Колачот може да се послужи топол и многу е вкусен. Постапката можете да ја погледнете во видеото подолу: