Home Здравје Oвој мевлем ме спаси од маката наречена ХЕМОРОИДИ, па им го препорачувам...

Oвој мевлем ме спаси од маката наречена ХЕМОРОИДИ, па им го препорачувам на сите

Проверен рецепт! Фотографија и рецепт на Нихада Мајсториќ. Здраво, овој мевлем го правам редовно, првпат го направив со маслиново масло и со билката дивизма, а овојпат со мед, прополис и алое вера, заедно со восок за да се соедини.

Мене овој мевмем ми ги спаси маките наречени хемороиди и на сите им го препорачувам. Не е скап ниту е комплициран за приготвување.

Овојпат направив двојна доза и за мои блиски луѓе зошто излезе дека на повеќемина им е потребен, а не само на мене. Еве го рецептот:

Потребни состојки: 1 лажица мед, 1 лист алое – сок(има подобро дејство, но ако не можете да најдете не мора), 25 мл прополис капки, 50 г пчелин восок и 50 мл маслиново масло

Постапка: Во емајлиран сад ставете масло, па додадете го иситнетиот восок. Ставете на тивок оган да се растопи, па тргнете на страна и повремено мешајте со дрвена лажица додека да излади.

Медот, прополисот и сокот од алое добро промешајте ги во стаклен сад. Потоа додадете ги во изладената смеса од масло и восок и сето убаво промешајте за да се изедначи.

Добиениот мевлем складирајте го во соодветен сад или во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер.

Употреба: неколку пати на ден се мачка добро измиеното и исушено болно место. Кога хемороидите ќе се повлечат се мачка по потреба или превентивно.

Фотографија и рецепт на Нихада Мајсториќ