За подобрување на имунитетот. Глуварчето е многу здрава билка која помага за лекување на бројни здравствени проблеми. Се користи за спречување на рак, ја одржува функцијата на црниот дроб, претставува природен диуретик, врши детоксикација на организмот и се користи за слабеење.

Потребни состојки:

250-300 цветови од глуварче
1 кг интегрален шеќер (може и беј)
1 литар вода
2 лимони

Постапка:

Цветовите од глуварче се берат напролет, на пладне кога сонцето е највисоко и најсилно. Се бере на чисти ливиди подалеку од загадување и сообраќај.

Измијте ги цветовите под млаз ладна вода, исцедете ги, а потоа ставете ги во сад и прелијте ги со еден литар ладна вода и ставете на оган да зоврие.

Откако полека ќе зоврие, садот тргнете го на страна и оставете го да преноќи на собна температура.

Потоа смесата се процедува а цветовите убаво се исцедуваат за да се искористи целата течност. Добиената течност уште еднаш се процедува, овојпат преку газа. Во течноста се додава шеќерот и се става на оган да се вари околу еден час, на умерена температура.

Откако смесата ќе згусне, се додава лимонот претходно убаво измиен и исечен на парчиња заедно со кората. Се готви уште 40-60 минути до потребната густина, а притоа се трга пената.

Кога медот е готов, се трга лимонот од смесата и се складира во чисти тегли. Кога ќе излади смесата ќе згусне. Медот може да се чува во ладни простории до една година.

Се консумира наутро на гладен стомак по една лажица, може да се додава во зелен чај или да се користи како намаз.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: